15.09.2020

Известување

Како компанија која има за цел да стане водич во дигиталниот свет, А1 Македонија изминатиот период работи на целосно дигитализирање на ТВ услугата во кабловската мрежа. Во текот на минатата година за сите локални и регионални ТВ канали кои беа достапни само на аналогната ТВ платформа овозможено е следење и на дигитална ТВ платформа. Со тоа се создаде простор за исклучување на застарената аналогна ТВ платформа, што ќе овозможи подобрување на квалитетот на услугите кои А1 ги нуди во кабловската мрежа, поголеми брзини како и постабилен интернет.

За таа цел, А1 Македонија ги известува своите корисници дека исклучувањето на аналогната ТВ платформа ќе се одвива во периодот од 15 октомври па се до 31 декември 2020 година.

А1 останува посветена во намерата да овозможи дигитален живот за сите граѓани и да обезбедува премиум корисничко искуство.

Назад