20.03.2024

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

„Академијата за Бизнис-аналитика нуди иновативен и современ пристап кон решавање на традиционалните бизнис-предизвици, а воедно и совладување на модерните и актуелни бизнис-проблематики што произлегуваат од технолошки напредниот 21 век. Целта на оваа програма е да се објаснат најновите методи и практики, кои сè повеќе се употребуваат во сферата на бизнис-аналитика и оперативниот менаџмент на младите и на заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање на модерните тематики“, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Сите млади на возраст од 18 до 25 години што сакаат да бидат дел од целосно бесплатната „A1 Academy“ и модулот Бизнис-аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациското писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Курсот започнува на 9 април 2024 година.

По завршување на секој модул од Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на службената веб-страница на линкот.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

А1 Македонија го лансираше новото А1 Business Ultra портфолио на мобилни тарифи за деловните постпејд корисници, креирано да обезбеди голем број придобивки за компаниите...

Дознај повеќе
Card image cap

50 % роденденски попуст за 5 години А1

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар....

Дознај повеќе