04.09.2020

Брзо и безбедно плаќање преку услугата Е-сметка на А1 Македонија

Дигитализацијата стана наше секојдневие. Промени многу од нашите навики за работа, учење, плаќање, пазарење, дружење па дури и школување. Секако, пандемијата со корона вирусот одигра голема улога во промената на потрошувачките навики на граѓаните и начинот на кој тие ги плаќаат своите сметки. Додека за еден дел од популацијата плаќањето сметки онлајн не е нешто ново, за други користењето на овие канали претставува голем предивик. За таа цел, А1 Македонија ги едуцираше своите корисници и ги насочи кон дигиталниот начин на плаќање кое може да се изврши од дома, а е доволно едноставно и разбирливо за да може да го користат сите старосни целни групи. Повозрасната популација беше дополнително едуцирана преку едукативни флаери каде детално беше објаснета постапката за плаќање на сметките онлајн.

Компанијата го промовира електронскиот начин на комуникација како поефикасен, побезбеден, економски поисплатлив и еколошки начин на комуникација со корисниците. Со услугата Е-сметка, корисниците имаат можност наместо во хартиена форма своите сметки да ги добиваат на е-мејл адреса, брзо и безбедно, на тој начин не само што ќе придонесат кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, туку и кон зачувување на животната средина. Активирањето на услугата е возможно на неколку начини: преку апликацијата Мојот А1 во делот сметки, со испраќање на SMS порака во која ќе ја наведат својата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410, преку официјалната веб страница на А1 Македонија на линкот или преку веб формата на следниот линк https://www.a1.mk/esmetka.

А1 Македонија е прва компанија на пазарот која во февруари 2019 година воведе Е-фактура за своите бизнис корисници, со која се гарантира автентичноста на потеклото и интегритетот на содржината на сметката.

За време на вонредната состојба А1 Македонија воведе нов начин на електронско преземање на фактурите со SMS порака до корисниците за износот на фактурата и активен линк од каде таа може да се преземе. Преку SMS на бројот 140410, лесно може да се активира или деактивира начинот за достава на електронската фактура или да се промени емаил адресата за достава. Освен што активирањето на Е-сметка е едноставно и безбедно, им овозможува на корисниците автоматски да станат учесници во извлекувања за електричен велосипед. Првото извлекување се случи на почетокот на август 2020 година кога беа извлечени првите 7 добитници на подарок – електричен велосипед. Второто извлекување се случи на 4ти септември 2020 година, а третото извлекување е планирано за 6ти октомври. Сите корисници со активирана Е-сметка кои ќе направат и онлајн плаќање на сметките имаат двојно поголема можност за подарок.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Димитар Димитров

Остануваме фокусирани на дигитализација на нашите услуги и обезбедување на премиум корисничко искуство за нашите корисници.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Емилија Зографска

Drive-in кината се враќаат на голема врата токму заради пандемијата

Дознај повеќе