26.08.2020

А1 Македонија одбележува една година од воведувањето на новиот бренд

  • Подарок 10 GB мобилен интернет за сите
  • А1 Combo нови тарифи со голема флексибилност и најатрактивни цени
  • Нови тарифи во мобилната телефонија со вклучени дури 30GB мобилен интернет

Скопје, 26 август 2020г.- Tелекомуникациската компанија А1 Македонија одбележува значаен дел од своето работење - една година присуство на брендот А1 на македонскиот пазар. Овој важен момент од работењето, компанијата го прославува заедно со своите корисници и подарува 10GB мобилен интернет за сите, достaпни за користење преку Мојот А1 апликацијата.

Во правец на постојано збогатување на понудата, за првиот роденден на А1 брендот, А1 Македонија ги лансира новите Combo тарифни модели, како најдобра конвергентна понуда на македонскиот пазар, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности. Со спојување на фиксните услуги, како интернет и телевизија, заедно со мобилната телефонија во еден Combo пакет, корисниците добиваат уште поголеми придобивки, како значителна заштеда, дополнителен буџет за набавка на нов уред и врвно корисничко искуство.

“Една година од своето постоење, А1 брендот живее буквално насекаде каде што се нашите корисници. Работиме посветено кон реализација на визијата да бидеме лидер на телекомуникацискиот пазар преку овозможување на врвни услуги искористувајќи ги предностите на дигиталното време. Ова беше поинаква година за сите нас, исполнета со многу предизвици но успеавме да се адаптираме, да одговоривме брзо и да бидеме поддршка во обезбедувањето витална услуга за нашите корисници, толку неопходна во овие исклучително тешки моменти. Се грижиме да ги насочиме кон најдобрите паметни решенија кои секојдневните активности им ги прават поедноставни, го заштедуваат нивното време и овозможуваат уште повеќе забава и комуникација. Нашите корисници остануваат секогаш наша инспирација и ве уверувам дека и понатаму продолжуваме со истото темпо и посветеност да работиме во креирањето на најдобрите услуги и обезбедување на врвно корисничко искуство.“ – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Со новите А1 Combo тарифи, комбинација од мобилни и фиксни услуги, корисниците имаат единствена можност за флексибилност, односно самите да го креираат својот A1 Combo пакет. Можат да изберат ТВ канали и интернет по нивна мерка со намалена претплата и да добијат дополнителен попуст за избор на телефони и телевизори! Од сега корисниците добиваат можност својот А1 Combo пакет да го креираат сами, со едноставен избор на посакуваните услуги преку онлајн дигиталниот калкулатор поставен на www.a1.mk или преку било кој друг продажен канал на А1.

Одејќи понатаму, а со цел да одговори на потребата на корисниците за непречена комуникација, А1 Македонија го зголемува вклучениот интернет во сите NEO тарифни модели и ја лансира најдобрата понуда на пазарот преку новата мобилна тарифа А1 Neo M+, со вклучени дури 30 GB мобилен интернет.

Како компанија посветена на изнаоѓање иновативни решенија, А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1 Net Sef со воведување уште еден новитет – „опција за размена единствена услуга од овој тип на европскиот пазар. Преку оваа функционалност корисниците на мобилни услуги добиваат можност, не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење, туку неискористените GB од својот A1 Net Sef да ги заменат за други услуги по нивен избор, како што се интернет во странство, меѓународни разговори, итн.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе