Уметноста во дигиталното поврзување

“Реклами кои не се сметаат за иритирачки, туку како услуга.” Мерлива и економична маркетинг инвестиција, врска помеѓу продажба и маркетинг. Звучи прекрасно од гледна точка на компанијата и се вика Маркетинг Автоматизацијата (Marketing Automation). Експерт во оваа област во “А1 Digital” е Сандра Лехнст, таа не само што ја разбира својата работа, туку има способност и да ни ја објасни. Дали сте заинтересирани да дознате нешто ново? Само продолжете да читате!

 

Sandra Lehnst

Sandra Lehnst

Сандра е раководител на онлајн во А1 Digital од ноември 2017 година и е одговорна за управување, развој и имплементација на корпоративна (онлајн) маркетинг стратегија. Минувајќи ги годините работејќи на дигитализација во меѓународна издавачка куќа, но и како консултант за CRM теми, кај неа се родила страста кон Јапонија и интерес кон скрининг на технички алатки. Таа го посвети своето знање на А1 Digital, како и на нашите колеги од А1 Групацијата.

 

Работи на следниот начин
“Маркетинг автоматизација во пракса во А1 Digital работи на следниот начин: посетителот на веб-сајтот презема извештај (whitepaper), а потоа добива дополнителни информации за блог записи, покани за настани и / или инфографики во одреден временски период и врз основа на неговиот интерес. Многу е важно да не се надминува ограничувањето на фреквенцијата (бројот на пораки). Целта е да се испорача вистинската информативна содржина и количина, со цел да се олесни одлуката на клиентот за купување.

Се сретнавме со Сандра за интервју и таа ги надополнуваше одговорите на нашите прашања речиси автоматски 😉

Уште од моето детство сакав да станам …
… менаџер (пред кратко време прочитав во моите записи за оваа аспирација за кариера)

Отсекогаш сум бил фасцинирана од тоа што …
… светот е толку разновиден (почнав рано да патувам и да го истражувам светот)

Маркетинг Автоматизација во една реченица:
… Маркетинг автоматизација е платформа за дигитализација на процесите во маркетинг и продажба.

Највозбудливо за тоа е …
… можноста да се создадат различни поврзувања за да се генерира продажба.

Мојата страст за маркетинг автоматизација е вкоренета во …
… интересот дека маркетингот и ИТ растат заедно.

Најголемите предности за нас како дигитална компанија и А1 Групација се …
… предностите да се започне со дигитална поставеност, која е уметност. Cloud First стратегијата овозможува брза имплементација и сигурен пристап од секаде. Агилните методи на работа го олеснуваат брзото работење.

Додека работев за А1, се сеќавам особено кога …
… ја објавивме новата веб-страница на А1 Digital на 28-ми јуни 2018 година.

Кога почнав да работам за А1, бев навистина изненадена што …
… за брзо време создадов тим и доживеав многу слобода во реализација на моите идеи.

“Јас ја опишувам мојата улога во А1 Digital, како:
Раководител на онлајн, одговорна за управување, развој и имплементација на корпоративна (онлајн) маркетинг стратегија со цел да се генерира продажбата и се водам според UX / UI упатства (стартување на веб-страница a1.digital, вклучувајќи автоматизација на маркетингот, регрутирачки и динамички содржини, како и итеративна оптимизација на стапките на конверзија).

Горда сум што додека работев за А1 Digital …
… за многу кратко време можев да го спроведам проектот “нова веб-страница и автоматизација на маркетингот” со одличен тим и да го учам мојот тим во Scrum.

Тимска работа за мене значи …
… дека сите се повлекуваме заедно.

Агилното работење е важно за мене, бидејќи …
… тоа ви овозможува да реагирате на надворешни влијанија многу брзо.

Постојаното учење не е само клучен збор, туку …
… централна тема во мојот живот. Сакам да учам за различни и нови теми.

Гледајќи се назад, за две години би сакала да кажам …
… можев да тренирам многу колеги да работат агилно и успешно.

Мотивацијата за мене значи …
… искрата во очите на другите. “

 

Оригинално објавено на A1 Stories.