Надополни кредит преку Mојот A1

и сурфај неограничено на омилените социјални мрежи со А1 Go Social


Сега кога си дома, со секое онлајн надополнување на припејд кредит, бесплатно ќе ти биде доделен неделниот пакет A1 Go Social, со кој неограничено можеш да сурфаш на омилените социјални мрежи, без да трошиш дополнителен интернет.

Надополни кредит онлајн, со кој било износ преку апликацијата Мојот А1, преку постпејд број или преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit и добиј бесплатен A1 Go Social неделен пакет.

Промоцијата важи и за надополнување од постпејд број на припејд број преку SMS порака или преку апликацијата Мојот А1.

Со неделниот пакет А1 Go Social можеш да сурфаш неограничено на социјалните мрежи: Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошиш од својот мобилен интернет. Пакетот А1 Go Social вклучува и дополнителен 1GB интернет.

По извршеното онлајн надополнување на припејд сметката, корисникот ќе добие SMS порака со која ќе биде известен за доделениот пакет A1 Go Social. Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на добивање на SMS пораката и трае во наредните 7 дена. По истекот на овие 7 дена од активацијата, А1 Go Social пакетот автоматски ќе се реактивира за редовната неделна претплата од 119 денари, доколку корисникот има доволно кредит на сметката. Пакетот автоматски се деактивира доколку корисникот нема доволно кредит на припејд сметката во моментот на нова активација или доколку корисникот направи деактивација со испраќање SMS порака со текст STOP на бројот 1499.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново надополнување, пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рокот од 7 дена, на припејд корисникот ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена од добивањето на SMS пораката.

Корисникот со активен А1 Go Social пакет може да провери статус на преостанат интернет од доделениот 1GB дополнителен интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440. Пакетот А1 Go Social може да се користи сè додека корисникот има најмалку 1MB преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Понудата е промотивна и важи ограничен период, за А1 Припејд корисници.

За повеќе информации јави се во Контакт центар на 077 1234.