Следи го
ритамот!

Неограниченo на
социјалните мрежи

A1 Go Social
неделен пакет
во припејд

А1 Go Social

неделен припејд пакет

Интернет

Неограничено за Facebook, Instagram,
FB Messenger, Snapchat, WhatsApp и TikTok

Активација со SMS

START на 1499

Деактивација со SMS

STOP на 1499
119
ден./неделно

Следи го ритамот и со А1 Go Social уживај неограничено во сите фотки, видеа, постови и сторис на омилените социјални мрежи, отсега и во припејд, за само 119 денари неделно.

А1 Go Social е неделен пакет со неограничено сурфање на твоите омилени социјални мрежи Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp. Ослободи ја креативноста и споделувај слики и видеа, гледај и постирај сторис, четувај со пријателите без да трошиш дополнителен интернет. Пакетот А1 Go Social вклучува и дополнителен 1GB интернет.

Пакетот А1 Go Social може да го користиш сè додека имаш најмалку 1MB преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку го потрошиш интернетот, активирај нов пакет за да продолжиш да го користиш пакетот А1 Go Social.

Пакетот е достапен за сите А1 припејд корисници. Сите нови А1 припејд корисници го добиваат пакетот А1 Go Social бесплатно во првата недела. Сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за редовната неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.

Корисникот може да провери статус на преостанат интернет од доделениот 1GB дополнителен интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.

За повеќе информации јави се во Контакт центар на 077 1234.

Пакетот A1 Go Social не важи за интернет сообраќај:

  • остварен со видео повици и VoIP повици преку наведените апликации и
  • остварен преку линк кој води кон содржина која е поставена надвор од наведените социјални мрежи (пр. следење на линк од Facebook кој води кон YouTube содржина не спаѓа во интернет сообраќајот вклучен во пакетот А1 Go Social туку истиот се одзема од вклучениот интернет)

За да се користи пакетот потребно е корисникот да ги има инсталирано апликациите Facebook, Instagram, TikTok, Messenger, Snapchat и WhatsApp или потребно е да се симнат апликациите од Google Play Store или од App Store. Интернет сообраќајот искористен за симнување не е вклучен во пакетот т.е. за симнување ќе се користи дополнителен интернет. Пакетот А1 Go Social важи во Македонија.