Понуда и услуги

А1 на македонскиот пазар како дел од Групацијата A1 Телеком Австрија на своите корисници им го нуди своето широко портфолио на услуги кои значително го подобруваат дигиталното живеење и работење.

Во рамки на А1 Брендот, сите приватни и бизнис корисници на А1 на локалниот пазар можат да ги користат придобивките на најквалитетните телекомуникациски решенија во регионот.

Во своето работење, А1 посветено се грижи за целосно задоволување на комуникациските потреби на своите корисници, и поради тоа, контиунирано ги унапредува услугите и решенијата кои ги нуди.

a1 grupacijaМобилни услуги

Во рамки на мобилните услуги, А1 е лидер во индустријата и регионот кој обезбедува иновативни решенија за широко распространета комуникација.

Стабилната конекција и целосната покриеност на корисниците им овозможува да разговараат, соработуваат, играат, споделуваат и комуницираат на интуитивен и едноставен начин како никогаш до сега.

a1 grupacijaИнтернет

Како лидер во телеком индустријата, А1 нуди беспрекорна интернет конекција која обезбедува фантастично корисничко искуство низ целата територија на државата.

Со цел да понуди напредни и модерни решенија, А1 совршено ја комбинира најновата технологија за развој на услуги и продукти со темелното познавање на потребите на своите корисници, и со тоа обезбедува лидерска позиција во регионот.

a1 grupacijaТелевизија

Со своите ТВ услуги, А1 е линкот на голем број домаќинства со филмскиот, музичкиот, информативниот, спортскиот и шоу-биз светот.

Во ТВ портфолиото е вклучен разновиден избор на телевизиски канали кои внесуваат свежина и ведрина во домот или работното место.

a1 grupacijaИКТ Решенија

Преку спој на технички решенија и иновативни идеи, А1 им помага на корисниците да дојдат до вистинскиот ИКТ производ кој е интуитивен, ефикасен, лесно одржлив и кој за кратко време станува незаменлива компонента во секојдневното работење.