Бидете подготвени за 5G иднината, со А1 Постпејд
Изберете од тарифите А1 Nova и бидете подготвени да ги искористите можностите кои ги нуди новата 5G технологија. Со тарифите А1 Nova добивате неограничен мобилен интернет засекогаш, на најбрзата мобилна мрежа во Македонија, како и неограничени разговори кон сите национални мрежи, секој месец.
Ви препорачуваме да направите комбинација од А1 Nova тарифите заедно со интернет за дома и телевизија во А1 Combo пакет и да заштедите. Со А1 Combo пакетот добивате дополнителен попуст на месечната претплата на А1 Nova тарифите.
Повеќе информации за А1 Combo пакетите можете да најдете овде.
Доколку немате потреба од телефон изберете тарифа само со SIM картичка. Во овој случај ќе склучите договор на неопределено време, а и месечната претплата ќе Ви биде пониска.
Актуелната промоција со зголемен интернет сообраќај важи и за соодветните тарифни модели само со SIM-картичка, со потпишување на договор со времетраење од 24 месеци.
Повеќе информации за А1 Combo пакетите можете да најдете овде.
Тарифниот модел A1 Senior е достаен за физички лица кои ќе потврдат дека се пензионери, со склучување нов или со обнова на договорот на 24 месеци.
A1 Senior | |
---|---|
Месечна претплата (ден.) | 299 |
Минути кон A1 | неограничено |
Минути кон останати национални мрежи (фиксни и мобилни) | 50 |
SМЅ кон сите национални мрежи | 50 |
4G интернет | 500MB |
Паметни часовници за деца
MyKi Watch
MyKi е детски смарт-часовник од новата генерација, кој е одлична забава за Вашето дете, но и сигурност за Вас како родител!
Детскиот смарт-часовник има GPS-уред, преку кој секогаш ќе знаете каде е Вашето дете и ќе бидете во тек со неговото движење. Лесен е и едноставен за користење.
Преку SOS-копчето детето во секој момент може да Ве повика на Вашиот телефон, а бидејќи смарт-часовникот има вградено SIM-картичка, може да разговарате со детето кога и да посакате.
Доколку тарифата А1 MyKi ја вклучите во пакет A1 Combo пакет, ќе добиете попуст од 100 денари на месечната претплата за тарифата А1 MyKi. Цената со А1 Combo e 299 ден./месечно.

Функции на MyKi:
- Локација – со MyKi секогаш знаете каде е Вашето дете, можете да го следите движењето на детето на Вашиот мобилен телефон, преку апликацијата MyKi Watch.
- Повици – можете да дефинирате до 10 броеви со кои детето ќе комуницира преку часовникот. Со MyKi Вашето дете е заштитено од несакани повици, бидејќи часовникот овозможува појдовни и дојдовни повици само со претходно дозволени броеви.
- SOS-копче за брзо повикување – само со притискање на SOS-копчето, Вашето дете ќе може да Ви се јави и автоматски ќе Ви бидат пратени координатите на неговата локација.
- Гласовни пораки – можете да примате и да праќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
- Сензор за допир/близина – благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.
- Екран на допир во боја – со MyKi Touch Вашето дете може да пристапи во секое мени само со допир на екранот, што го прави MyKi Touch интерактивен и едноставен за користење.
- Заменливи силиконски ремчиња во повеќе бои, кои се целосно безбедни и со удобен дизајн за Вашето дете.
- Избор на повеќе ринг-тонови.
Повеќе информации за функциите на смарт-часовниците можете да најдете на веб-страницата за MyKi www.myki.watch.
За повеќе информации јавете се на 077 1234.
MyKi Spot тракер
Отсега Вашето милениче ќе може слободно да си игра надвор, а Вие опуштено ќе може да ја следите неговата локација каде и да е. Нема потреба да се грижите дека Вашето милениче ќе се изгуби, затоа што со MyKi Spot тракерот, секогаш ќе знаете каде точно се наоѓа.
MyKi Spot е тракинг уред, кој им помага на сопствениците на миленичиња преку апликација да го следат движењето на миленичињата и нивната локација во кое било време. Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата, MyKi Spot Ви овозможува прецизна локација на миленичето со точност до десет метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка, и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави на мали, но и на поголеми домашни миленичиња.

MyKi Spot тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел A1 MyKi Spot со претплата од 199 ден./месечно.
Повеќе информации за функциите на тракерот можете да најдете на веб-страницата за MyKi или јавете се на 077 1234.