Корисничка поддршка

Кои документи ми се потребни за да го префрлам бројот на друго име за деловни корисници?

Присуство на двајцата корисници (стариот и новиот) на продажното место.

Новиот корисник потребно е да донесе документација како за нов постпејд корисник:

  • валиден печат од правниот субјект;
  • согласност за проверка на платежната способност, (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје);
  • извод од банка не постар од 1 (еден) месец;
  • валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош од лицето кое го потпишува договорот, а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице кое е овластено со нотарски заверено полномошно); и
  • доколку од апликантот се бара услуга за која има инсталација на опрема, со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација, а за потврда на адресата за инсталација треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот - договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.

Стариот корисник потребно е да донесе:

  • валидна лична карта или пасош (лична карта или пасош од лицето што го потпишал стариот договорот, а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице кое е овластено со нотарски заверено полномошно); и
  • печат од правниот субјект.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања