Корисничка поддршка

Ми појавува порака за грешка во програмската картица. Што да направам?

SAGEM STB ресивер (бел)

Оваа порака се појавува кога картичката е погрешно вметната во дигиталниот ресивер. Потребно е картичката да биде вметната во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа потребно ќе биде да го рестартирате дигиталниот ресивер од струја.

Доколку на овој начин не успеете да ја средите потешкотијата, неопходно е да направите фабричко ресетирање на дигиталниот ресивер. Постапката за фабричко ресетирање на уредот е следна: 

Одберете „мени“ на далечкинскиот управувач од дигиталниот ресивер, потоа одберете „Подесување“ потоа одберете „Технички подесувања“, внесете го Вашиот пин (основниот пин код е 1234), потоа притиснете на „систем“ и одберете „фабричко ресетирање“. На овој начин уредот ќе го започне фабричкото ресетирање, со што сите поставки ќе бидат вратени како на почеток. Почекајте да заврши процесот на фабричко ресетирање и да се вклучи Вашиот уред.

 

STRONG STB ресивер (црн)

Оваа порака се појавува кога картичката е погрешно вметната во дигиталниот ресивер. Потребно е картичката да биде вметната во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа потребно ќе биде да го рестартирате дигиталниот ресивер од струја.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања