Сурфајте на најбрзиот мобилен интернет насекаде во Македонија!

А1 ви овозможува најбрз мобилен интернет насекаде во Македонија, потврдено со мерењата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Измерените параметри за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги за 2020 година, потврдуваат дека нашата мобилна мрежа има најдобри резултати за брзина на пренос на податоци.

Според мерењата, фајл со големина од 10GB во населени места се симнува со брзина од 97 Mbps, која е значително поголема од задолжителната брзина, пропишана од АЕК. Брзината на мобилниот интернет на А1 е супериорна во 28 од вкупно 30 населени места, како и на сите патни правци, односно делници, каде се спроведени мерењата.

Дополнително, покрај најбрзиот мобилен интернет, мобилната мрежа на А1 бележи и најдобри резултати за успешно реализирани и непрекинати повици, како и најдобар квалитет на говор.

Мерењата се спроведени на територијата на целата земја, а се опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајници.

Резултатите од извршените мерења на АЕК можете да ги погледнете тука.