“Креираме заедно” – нов концепт во ерата на дигитализација

Во пресрет на воведување на новиот бренд , Vip како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата промовира нов концепт на партнерство  со корисниците наречен “Креираме Заедно преку кој компанијата има интенција уште повеќе да ја зајакне релацијата со корисниците и да ги отвори вратите за заедничко креирање на нови продукти и услуги како и подобрување на постоечките кориснички искуства.

Мислењето , сугестиите и потребите на корисниците кои секогаш се на прво место за компанијата, преку овој концепт ќе добијат директен глас и влијание врз креирањето на портфолиото од продукти и услуги, со што се создава уште поцврста врска чија основа се креативноста и довербата.

Во рамките на овој концепт веќе се одржаа работилници во кои со методологијата design thinking заинтересирани Vip корисници учествуваа во неколку групи кои ги отсликуваат различните кориснички целни групи на телекомуникацискиот пазар и ја добија можноста да ги искажат своите ставови и да дадат соодветно аргументирани предлози  за нови продукти и услуги.

Од одржаните работилници произлегоа двете уникатни понуди кои Vip веќе ги спроведе во своето портфолио и тоа, E scooter – предлогот од групата, составена од млади и студенти е понудата која предизвика огромно внимание и побарувачка E scooter и Smart Home – продуктот кој произлезе како предлог од групата која ги застапуваше интересите на едно просечно македонско семејство.

Концептот “Креираме заедно” е уште еден доказ дека Vip, како дел од А1 Телеком Австрија Групацијата оди чекор понатаму во воспоставувањето на релациите со корисниците, се со цел заеднички да создаваат продукти и услуги по мерка со цел да ги задоволат и најпребирливите телекомуникациски потреби на корисниците.