19.06.2020

Известување за корисниците

Tехничка надградба и привремена недостапност на дел од постпејд услугите


Поради техничка надградба на софтверскиот систем на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со цел зголемување на капацитетите и подобро опслужување на корисниците, Ве известуваме дека во периодот од сабота 20.06 од 22:00 часот до недела 21.06 до 13:00 часот, дел од нашите постпејд услуги наменети за приватните и деловните корисници, ќе бидат привремено недостапни за користење. Станува збор за следните услуги:

•    Активирање и обнова на мобилни линии и фиксни услуги
•    Активирање на дополнителни пакети за разговори, интернет и пакети со ТВ канали
•    Плаќање сметки преку продажните салони, веб-страницата A1.mk и мобилната апликација Мојот А1
•    Плаќање на паркинг услуги преку SMS порака
•    Плаќање автобуски билет во ЈСП
•    Користење на услуги со додадена вредност, овозможени преку трети страни
•    Надополнување припејд кредит од постпејд број
•    Проверка на состојба на сметката
•    Користење на мобилната апликација Мојот А1

Истовремено, Ве известуваме дека во наведениот период непречено ќе функционираат тековните и веќе активирани постпејд услуги преку мобилната и фиксната мрежа на А1. Непречено ќе функционираат и сите припејд услуги, како дополнување кредит, активирање на дополнителни припејд пакети и останати услуги.

Со оглед на привремената недостапност, им препорачуваме на корисниците кои планираат користење на дополнителни пакети во наведениот период, активацијата да ја направат пред почетокот на периодот за надградба. 

Како компанија, и понатаму остануваме посветени на нашите кориснци да им овозможиме современи и квалитетни комуникациски услуги, напредни дигитални решенија и одлично корисничко искуство. 

Ви благодариме на разбирањето.
Ваш А1

Back

Related news

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Read more
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Read more