06.08.2021

Дигитализацијата донесе нови можности за комуникација со корисниците и вработените на А1 Македонија

Корпоративните комуникации отсекогаш играле важна улога во одржување на влијанието на компанијата на пазарот, репутацијата надвор, но и внатре во компанијата, градење и одржување на културата на компанијата и ангажманот на вработените. Децении наназад улогата на корпоративни комуникации е насочена кон навремено и транспарентно споделување на информации со засегнати страни, градење односи со медиуми и други релевантни канали, промоција на производи и секако, ублажување на кризи.

Ако порано велевме дека комуникациите најчесто беа еднонасочни и насочени кон поголема, несегментирана публика, денеска се соочуваме со сосема нова реалност. Како за сите останати сектори, дигиталната и социјална реалност воведе нов сет на можности и предизвици за корпоративните комуникации. Двонасочна комуникација, сегментирање на публиката согласно каналите за комуникација, таргетирање на специфична публика и нивна ангажираност, видливост на бренд и пласирање на содржина во различни формати се само мал дел од можностите кои ги донесе дигитализацијата.

 

Што се всушност дигитални корпоративни комуникации?

Едноставна дефиниција за дигитални корпоративни комуникации вклучува комуникација на една организација со одберени целни групи преку Интернет. Можностите и канали за комуникација се бројни, од веб-страници, интернет портали, социјални медиуми преку блогови, а работата на дигиталните корпоративни комуникации е да ја достави пораката до целната група и правилно да ги искористи каналите за комуникација преку кои ќе создаде ангажираност и повратна информација од публиката.

Иако дигитализацијата донесе нови можности, донесе и бројни предизвици, а еден од нив е наплив на информации, па затоа главна цел на дигиталните комуникации е навременост и точност. Важно е компаниите да ги следат трендовите и да ги информираат целните групи кои се релевантни за одредени производи и услуги, да изградат врска и започнат дијалог или активност со целната публика.

Корисниците бараат поголема информираност, не само за услугите, но и за случувањата во компаниите. Содржината на пораката е важна!

Ако порано корисниците имаа интерес само за услугите кои ги нудат компаниите, денеска ситуацијата е различна. Можностите кои ги донесе дигитализацијата, интернетот и социјалните медиуми резултираше секако кон зголемен број на информации, а со тоа се зголеми и љубопитноста на корисниците. Денеска тие се заинтересирани за искуствата на другите корисници, на вработените, но и за случувањата во самата компанија.

Покрај објавите за услугите и производите кои ги нуди А1 Македонија во својата основна дејност, каналите за комуникации ги користиме и за споделување на информации поврзани со корпоративната култура, бенефитите за вработени, новите форми на работа, успесите на самата компанија и искуствата на корисниците и вработените.

Профилот на А1 Македонија на LinkedIn е реален пример дека овој модел на комуникација е успешен и дека корисниците бараат повеќе од само информација за услугите на компанијата. За нив важна е пораката, односно содржината и форматот на истата. Во иста категорија на градење врска со корисници преку социјални медиуми е Instagram профилот А1 Свет дедициран исклучиво на активностите на вработените на А1 Македонија, практиките на работа, нивните успеси и корпоративната култура.

Дека А1 Македонија е во тек со трендовите, но и правилна имплементација на дигиталните комуникации покажува долгата и успешна соработка со инфлуенсери на социјални медиуми кои придонесуваат за поголема видливост на брендот, но и производите и услугите што ги нудиме, ги подобруваат релациите помеѓу брендот и корисниците и секако помагаат со препораки за носење одлуки за купување на одредена услуга или бренд.

Дигитализација на интерни комуникации во А1 Македонија

Комуникацијата преку интерни веб-страници и newsletters веќе не е доволна, бидејќи не даваат можност за двонасочна комуникација. Вработените како активни корисници на интернет и дигитално писмени очекуваат да добијат информација во реално време.

На ниво на целата А1 Телеком Австрија Групација користиме интерна алатка Workplace by Facebook, која на нас како Оддел за корпоративни комуникации ни дава можност да споделуваме содржина за која можеме да добиеме повратна информација и активност од страна на колегите, а и сите членови на А1 тимот да споделат информација која е важна или интересна за колегите. Благодарение на можностите кои ги нуди платформата пораката лесно можеме да ја пренесеме преку видеа, анимации, слики и секако преку Live stream со што добиваме пренос на информации „во живо“ и двонасочна комуникација и интеракција.

За нас информираноста на вработените е важен фактор за успех, а алатките за дигитална комуникација ни помагаат да создадеме поцврсти врски помеѓу компанијата и тимот.

Маркетинг автоматизацијата е уште еден сегмент кој го воведе дигитализацијата. Ако порано испраќавме масовни е-мејл пораки до целата компанија, денеска ги сегментираме и персонализираме. Масовните е-мејлови кои се испраќаа до сите вработени полека одат во минатото и преку користење на специјални софтвери дирекно им се обраќаме на колегите за кои е релевантна пораката, а истовремено го мериме и нивниот ангажман.

Благодарение на дигиталните алатки кои веќе години наназад  ги користиме во интерните комуникација успешно ги надминавме предизвиците на Covid-19 кризата и останавме поврзани и информирани на ниво на цела А1 Групација.

Бенефити кои ги донесе дигитализацијата на корпоративните комуникации

Вистинската придобивка на дигитализацијата кога се во прашање корпоративните комуникации е сегментирана и двонасочна комуникација. Денеска преку правилни канали на комуникација можеме директно да комуницираме со нашите корисници, да ги разбереме нивните потреби и однесувања и да ја зајакнеме врската бренд-корисник, но и бренд-вработен.

Дигиталната комуникација обезбедува непречено искуство и комуникација со корисниците и партнерите со кои работиме и создаваат поголема ангажираност на целните групи, но и вработените. Алатките за комуникација кои ги користиме покрај тоа што нудат персонализирана и двонасочна комуникација, подобра содржина, информираност во реално време, ни даваат мерливи резултати врз основа на кои можеме да развиеме подобра содржина и стратегија за комуникација.

Back

Related news

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Read more
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Read more