28.05.2021

А1 Македонија по повод Меѓународниот ден на детето

Во пресрет на Меѓународниот ден на детето, 1ви јуни, А1 Македонија најавува отворена работилница на која можат да се приклучат сите заинтересирани и да го проследат предавањето за безбедно користење на интернет, дел од проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“, наменето за сите четвртоодделенци.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Предавањата ги држат вработени во А1 Македонија, на волонтерска основа, со огромно искуство стекнато низ годините.

Работилницата ќе се одржи во вторник, 1 јуни 2021 со почеток во 12:30 часот, онлајн, преку платформата на MS Teams, во времетраење од 45 минути, а е отворена за сите заинтересирани ученици од четврто одделение кои сакаат да слушнат и научат повеќе на кој начин да се заштитат додека сурфаат на светската мрежа. Сите заинтересирани родители своите деца четвртоодделенци можат да ги приклучат со едноставно пристапување на следниот линк.

Проектот започна во 2018та година со работилници во основните училишта на територијата на град Скопје, а наредната учебна година продолжи со работилници во основните училишта во сите поголеми градови низ Македонија. Третиот циклус работилници се одвиваа во просториите на компанијата, а ги следеа децата на вработените, четвртоодделенци, со своите одделенија. Оваа година поради пандемијата, работилниците се одвиваат онлајн, а од почетокот на овој проект па досега едуцирани се повеќе од 2500 ученици од целата држава.

“Чест и задоволство ни е што четири години по ред ги одржуваме успешно овие работилници и можам да кажам дека интересот од страна на учениците и наставниот кадар е огромен. За нас, тоа е дополнителна потврда дека ваков проект е повеќе од потребен. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие, па така дигиталната писменост уште во најрана возраст е неопходна и на нас е да ги едуцираме најмладите и да придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност. Токму затоа и ја организираме оваа работилница, на Меѓународниот ден на детето, за да ја подигнеме свеста за безбедноста на најмладите на интернет” – истакна Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Заложбата на А1 Групацијата е до 2023 година на групациско ниво преку тренинзи и работилници на тема дигитална писменост да се едуцираат над 100.000 деца и возрасни.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

Back

Related news

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Read more
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Read more