27.05.2021

Со А1 Македонија опуштено сурфање и во роаминг

Нови роаминг пакети:

  • вклучени 10GB мобилен интернет за опуштено сурфање во Грција
  • вклучени 5GB во Романија и во Холандија на Европското фудбалско првенство

А1 Македонија со големо задоволство ги претставува новите роаминг пакети со атрактивни цени и вклучен висок волумен на мобилен интернет преку кои корисниците ќе можат да останат константно поврзани, но и да ги споделат своите уникатни доживувања од ова лето. Од денеска, за сите Припејд и Постпејд кориснци на мобилната телефонија достапни се новите роаминг пакети A1 Roam Surf Greece и A1 Roam Surf EURO.

Со цел задоволување на корисничките потреби постојано да бидат онлајн, А1 го креира A1 Roam Surf Greece , пакет со кој корисниците можат слободно да сурфаат кога се во Грција, а притоа да не се грижат за трошоците за интернет во роаминг. Со A1 Roam Surf Greece корисниците добиваат вклучени 10GB за 999 денари во Грција. Пакетот може да се активира преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999.

За корисниците кои во живо ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во Романија и Холандија, А1 го креира A1 Roam Surf EURO со чие активирање добиваат 5GB за само 499 денари, а можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со СМС порака со клучен збор START EURO на 140999.

Новите роаминг пакети на А1 Македонија се збогатување на досегашната понуда која овозможува комуникација во повеќе од 45 земји во светот со што корисниците се поврзани во секое време и на секоја дестинација. За деталите за останатите пакети за интернет во роаминг можете да се информирате со пристапување на следниот линк: https://www.a1.mk/postpejd/roaming/paketi

Back

Related news

Card image cap

А1 Green call: the nature calls, it’s time to recycle old mobile phones and electronic devices

As a company incorporating actions aimed towards preserving the environment within its ESG Group Programme in its core strategy, A1 Makedonija is proud to announce A1 Green Call – the latest platform for recycling and reusing used electronic devices: used

Read more
Card image cap

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација...

Read more