05.03.2021

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава - потврдено со мерењата на Агенцијата за електронски комуникации

Скопје, 05 март 2021г. - Телекомуникациската компанија А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека има најдобри измерени вредности при мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на територијата на целата држава, спроведени од страна на независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Независните мерења од страна на Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции во рамките на АЕК, во тек на целата 2020 година, покажаa дека мобилната мрежа на А1 Македонија има најдобри резултати на територијата на целата држава за пренос на податочни услуги, односно за преземање на содржини, како и најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор.

Националниот извештај за 2020 година покажува дека за преземање на фајл со големина од 10 GB, А1 Македонија обезбедува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps, наспроти задолжителната вредност од 55 Mbps дефинирана од Агенцијата за електронски комуникации, што претставува исклучителна предност и највисока измерена брзина на македонскиот телекомуникациски пазар досега.

Особено сум горд на резултатите од мерењата на квалитетот на мрежите спроведено од страна на Агенцијата за електронски комуникации бидејќи тие се уште една потврда за квалитетот на услугите и перформансите на мрежата на А1 Македонија, но пред сè се потврда за заложбите на компанијата насочени кон обезбедување понуди и услуги со конкурентни цени и врвен квалитет за над 1 милион А1 корисници. Во изминатите неколку години А1 Македонија инвестираше преку 30 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE технологија, а само во 2020 година направена е инвестиција од над 1,5 милиони евра насочени кон надградба на базните станици. Продолжуваме со исто толкава посветеност, енергија и интензивни вложувања во сите сегменти од работењето, со нови инвестиции во мрежата кои ќе ја зацврстат позицијата на оператор со најбрз мобилен интернет и ќе придонесат во обезбедувањето на врвно корисничко искуство што е нашата примарна цел“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Изминатата година базните станици на А1 Македонија се надградени со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија како Carrier Aggregation и 4x4MIMO кои можат да овозможат брзини дури до 585 Mbps.

Мерењата се спроведени на територијата на целата земја и беа опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајници со користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците. Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на официјалната страница на A1 овде.

Back

Related news

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Read more
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Read more