За донациите
Се грижиме и сакаме да им помагаме на оние, на коишто тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија започнавме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности, ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.
Информации за отворање на број за донации, во А1 Македонија
За сите оние, на коишто им треба помош и поддршка од хумани луѓе, А1 Македонија нуди можност за отворање на броеви за донации, преку коишто корисниците на услугите на А1, ќе можат да ја покажат својата хумана страна, со едноставна донација преку нивните мобилни телефони. На овој начин, А1 Македонија ја поттикнува хуманоста кај луѓето, првенствено, со цел да им помогне на лицата, на коишто им е потребен оперативен зафат или лекување. Донацијата се врши преку телефонски повик, од страна на корисниците на А1, при што со секој повик се донираат 100 денари.
За отворање на број за донации за физички лица, потребни се следните документи:
- пополнето писмено барање
- пополнето писмено барање за COVID 19
- VSD документ за физички лица
- потврда за медицинска дијагноза, издадена од овластена установа
- упат за понатамошно лекување/операција во земјата/во странство
- писмо од медицинската установа за закажана операција/лекување
- про-фактура за лекување/операција
Адреса за достава
Горенаведените документи може да се достават електронски преку веб страницата на А1 Македонија, по пошта или лично на следната адреса: “Плоштад Пресвета Богородица” бр. 1, 1000 Скопје, со назнака „Молба за отворање број за донации – за корпоративна комуникација".
Доколку комплетираните документи се праќаат на маил, потребно е да бидат во PDF формат.
Важни забелешки за барателите:
- По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
- врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
- исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
- целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. Персоналниот данок се одбива од оваа сума.
- личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
- А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.
За отворање на број за донации за правни лица, потребни се следните документи:
- пополнето писмено барање
- VSD документ за правни лица
- опис на проектот, за којшто е наменет одделниот број за донации
- опис на правното лице, кратка биографија, остварени проекти и работни планови
- потврда од Централниот регистар, не постара од шест месеци
- друга документација, со којашто се потврдува релевантноста на проектот
Важни забелешки за барателите:
- општествено - одговорните организации (оние, чии активности вклучуваат иницијативи за помош на ранливите социјални групи), имаат приоритет при отворањето број за донации.
- техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации за правни лица е една година. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од А1 Македонија ќе Ве извести, дали Вашата молба е прифатена.
- врз основа на прифатената молба, А1 Македонија ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на А1, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи, нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
- исплаќањето на собраните средства од корисниците на А1 се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
- целосната сума, собрана од корисниците на А1, му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на А1 Македонија. личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана, во согласност со законските прописи.
- А1 Македонија ќе го објави доделениот број за донации на веб-страницата на А1 Македонија. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.
- Напомена: Барателите самостојно одлучуваат дали ќе се лекуваат во државна здравствена установа или во приватна здравствена установа.
Активни броеви за донација
За лекување на | Број за донација | Активен до |
---|---|---|
Ротари Клуб “Куманово“ | 143 133 | 06.05.2024 |
Здружение “Љубезност“ | 143 505 | 02.04.2024 |
Здружение “Конект“ | 143 333 | 13.10.2024 |
Глас против насилство | 143 477 | 03.04.2024 |
СОС Детско село | 143 456 | 31.12.2024 |
ЦРВЕН КРСТ | 143 400 | 31.12.2024 |
Александар Планојевиќ | 143 600 | 01.06.2024 |
Кара Селовски | 143 464 | 25.05.2024 |
Јани Иванов | 143 470 | 08.05.2024 |
Марко Џољевски | 143 475 | 21.05.2021 |
Перихана Асановска | 143 471 | 02.05.2024 |
Јованка Атанасова | 143 472 | 17.03.2024 |
Алексеј Анастасовски | 143 476 | 12.04.2024 |
Снежана Петровска | 143 484 | 05.05.2024 |
Михаела Стојчева | 143 486 | 20.05.2024 |
Оливер Мирозов | 143 502 | 23.04.2024 |
Војдан Спасовски | 143 442 | 12.03.2024 |
Бошко Јанкулов | 143 444 | 13.03.2024 |
Виктор Видоевиќ | 143 450 | 15.03.2024 |
Сандра Крастев | 143 478 | 19.05.2024 |
Љутвије Демирова | 143 488 | 19.05.2024 |
Сузана Николиќ | 143 468 | 06.05.2024 |
Јовица Блажевски | 141 461 | 05.05.2024 |
Симона Дамјаноска | 143 465 | 05.05.2024 |
Анастасиа Митевска | 143 473 | 01.05.2024 |
Никола Петрески | 143 467 | 29.04.2024 |
Блаже Пешевски | 143 424 | 07.03.2024 |
Владо Симјановски | 143 666 | 26.04.2024 |
Никола Јованов | 143 462 | 16.04.2024 |
Дијана Трипуновска | 143 403 | 27.02.2024 |
Миа Донева | 143 404 | 04.03.2024 |
Елена Маџова | 143 504 | 15.05.2024 |
Катерина Ристовска | 143 489 | 15.04.2024 |
Дијана Наумоска | 143 550 | 04.05.2024 |
Валентина Петровска | 143 503 | 13.05.2024 |
Петар Попоски | 143 460 |
08.03.2024 |
Леонид Индов | 143 500 | 20.05.2024 |
Филип Петрушевски | 143 463 | 27.05.2024 |
Стефан Ивановиќ | 143 485 | 12.05.2024 |