Добредојдовте во светот на А1

Vip се ребрендираше во A1

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме дека почнувајќи од 3-ти септември 2019 година, го променивме нашиот досегашен бренд Vip и го воведовме новиот бренд А1, со кој отсега ќе бидат означени нашите производи и услуги. Истовремено, со воведувањето на брендот А1, соодветно го променивме и називот на компанијата, од оне.Вип ДООЕЛ Скопје во А1 Македонија ДООЕЛ Скопје.

Со овој процес, компанијата го презема брендот на нашата Групација - А1 Telekom Austria Group, како дел од стратегијата на Групацијата да обезбеди поголема препознатливост и еднакво искуство за сите свои корисници. А1 Telekom Austria Group обезбедува дигитални услуги и комуникациски решенија на над 25 милиони корисници во повеќе европски земји како: Австрија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Белорусија и Србија.

Воведувајќи го новиот A1 бренд, наша визија е да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење во земјата, да Ви понудиме одлично корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија, стабилен квалитет и поголема вредност. На овој начин ќе Ви овозможиме да креирате нови искуствa според Вашите потреби како и поквалитетен начин на живеење во дигиталното време.

Промената на брендот и на називот на компанијата не влијае врз Вашиот постоечки претплатнички договор и тарифен модел, кои остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега. Сакаме да истакнеме дека кај одредени постоечки тарифни модели извршена е промена само на називот на тарифата (на пр. тарифниот модел Vip Combo ќе се преименува во A1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност непроменети.

За да се прикаже A1 мрежата на Вашиот мобилен телефон со ознака A1 MK, ве молиме направете рестартирање на телефонот.

За сите Ваши прашања и кориснички потреби, достапни сме во нашите продажни места означени со брендот А1, преку А1 Контакт центарот на бројот 077 1234, новата веб-страница www.A1.mk и новата мобилна апликација Мојот А1.

Ви благодариме на довербата и се надеваме на уште поуспешна соработка во иднина.

Со почит,
А1 Македонија

#СекојТвојСвет