HBO Max - Најдобрите серии и филмови со A1 Combo

Со HBO Max гледајте ги омилените филмови и серии каде и да сте! Уживајте во повеќе од 15.000 наслови од Warner Bros, HBO, Max Originals, DC, Cartoon Network и многу други - за првпат на едно место.

Услугата HBO Max овозможува следење на содржините преку интернет. Гледајте ги најдобрите филмови, најновите серии, документарни филмови и концерти што Ви се достапни за следење преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или smartTV секогаш кога ќе посакате, најмногу на 5 уреди, а истовремено на 3 уреди.

HBO Premium пакет

Услугата HBO Max е достапна со пакетот HBO Premium, кој покрај услугите HBO Max и HBO on Demand, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на A1 Combo, A1 Combo Lite, A1 TV и A1 TV Lite, со месечна претплата од 299 денари.

Пакетот HBO Premium можете да го активирате во сите продажни места на A1 или со повик во Контакт центарот на 077 1234.

Услуга HBO Max

Услугата HBO Max е достапна и за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите A1 Постпејд корисници на фиксни и мобилни услуги (со A1 SIM-картичка), со претплата од 429 денари/месечно.

Услугата HBO Max можете да ја активирате:

  • во сите продажни места на A1
  • со повик во Контакт центарот на 077 1234
  • со праќање на SMS со текст HBO MAX START на бројот 149 100

Во зависност од начинот на активација, ќе добиете активациски код преку SMS, е-мејл или во продавница (од кога почнува наплатата на услугата), кој треба да го внесете при регистрација за користење на услугата на страницата www.hbomax.mk.

Претплатата за услугата HBO Max автоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на услугата HBO Max можете да ја направите во сите продажни места на A1, со повик во Контакт центарот на 077 1234 или со праќање SMS со текст HBO Max STOP на бројот 149 100.

Регистрација за користење на услугата HBO Max

За да гледате HBO Max преку Вашиот компјутер, потребно е да пристапите на www.hbomax.mk и да направите регистрација. За користење HBO Max на Вашиот смартфон или таблет, инсталирајте ja мобилната апликација HBO Max од Google Play Store или од App Store. Откако ќе ја преземете мобилната апликација, регистрирајте се за користење на HBO Max на мобилната апликација HBO Max или тука, на следниов начин:

  • Изберете оператор А1 Македонија ДООЕЛ.
  • Внесете го активацискиот код, добиен преку SMS, е-mail или во продавница.
  • По успешната регистрација, најавeте се и можете да започнете со користење на HBO Max.

 

Најава во HBO Max за постоечки корисници на HBO GO

Услугата HBO GO на 8 март станува HBO Max. Сите постоечки корисници на услугата HBO GO добиваат директен пристап за користење на услугата HBO Max.

За да ги гледате содржините на www.hbomax.mk, потребно е да се најавите со истата е-мејл адреса и лозинка што досега ги користевте за HBO GO.

За пристап од Вашиот смартфон или таблет, преземете ја новата апликација HBO Max од Play Store ili App Store.

 

При користење на HBO Max, имајте предвид дека се користи интернет-сообраќај од вашата тарифа.