

Што е A1 Xplore TV GO?
A1 Xplore TV GO е апликација која Ви овозможува да гледате телевизија на Вашиот смарт-телевизор, лаптоп, таблет или смартфон, каде и да се наоѓате.
Сè што Ви е потребно е само интернет конекција на уредот каде што сакате да гледате телевизија, без инсталација на ТВ ресивер, каблирање или монтажа.
Едноставно, пристапувате до апликацијата, ја активирате услугата A1 Xplore TV GO и можете да започнете да гледате телевизија.
ТВ канали
Апликацијата A1 Xplore TV GO Ви нуди до 110 најпопуларни домашни и странски ТВ канали.
Со A1 Xplore TV GO нема да ги пропуштите најпопуларните телевизиски преноси во живо и омилените ТВ содржини, бидејќи истите ќе Ви бидат достапни во секое време, насекаде во Македонија.
Интерактивни функционалности
Апликацијата A1 Xplore TV GO Ви овозможува да користите интерактивни функционалности како: снимање и паузирање на ТВ програма, гледање програма емитувана во претходните 7 дена на повеќе од 40 ТВ канали, Моја ТВ колекција и други.
Како да ја активирате услугата А1 Xplore TV GO?
Услугата А1 Xplore TV е достапнa за активација за сите A1 Постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги. Активацијата можете да ја направите на еден од следниве начини:

Преку апликацијата “Мојот А1“:
- Во долното мени на апликацијата Мојот А1, влезете во секцијата ПАКЕТИ, а потоа одберете ја опцијата ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАКЕТИ И УСЛУГИ.
- Селектирајте ја услугата А1 Xplore TV GО и извршете активација.
- По активацијата ќе добиете SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате и да ја користите услугата А1 Xplore TV Go на саканите уредите.

Во продажните салони на А1:
- Посетете еден од продажните салони на А1, каде ќе Ви биде активирана услугата А1 Xplore TV GО.
- По активацијата, на Вашиот мобилен број за контакт ќе Ви биде испратена SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате во апликацијата А1 Xplore TV GО.

Преку А1 Контакт Центарот:
- Јавете се во А1 Контакт Центарот на бројот 077/1234 и нашите агентите ќе извршат активација на услугата А1 Xplore TV GО.
- По активацијата, на Вашиот мобилен број за контакт ќе Ви биде испратена SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате во апликацијата А1 Xplore TV GО.

Претплатата за услугата A1 Xplore TV GO се наплатува во месечната сметка за А1 услугите на корисникот. Претплатата aвтоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на услугата A1 Xplore TV GO можете да направите преку мобилната апликација Мојот А1, во сите A1 продажни места или со повик во Контакт центарот на 077 1234.
Деталните услови за користење на A1 Xplore TV GO прочитајте ги овде.
Како да користите A1 Xplore TV GO на Вашите уреди?

Лаптоп или компјутер
Преку пребарувачот (browser) инсталиран на Вашиот лаптоп или компјутер пристапете до веб апликацијата A1 Xplore TV на следниот линк
Гледајте онлајн
Смарт-телевизор
Побарајте ја и инсталирајте ја апликацијата A1 Xplore TV на Вашиот:
- LG (од 2018 или понова верзија)
- Samsung (од 2018 или понова верзија)
- Android TV, Android Box или Android stick (со Android верзија 9.0 или понови верзии)
