Активирај Е-сметка преку Мојот А1 или SMS
и освој пакет со 2 смартфони!

Активирајте ја услугата Е-сметка и имате можност да освоите пакет со 2 смартфони Motorola One Macro и Moto E6 Plus.

Со услугата Е-сметка Вашите месечни сметки ќе ги добивате електронски на Вашата е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш навреме, наместо во хартиена форма.

Со активирање на Е-сметка автоматски станувате учесник во извлекувањата во кои вкупно доделуваме 60 пакети со 2 смартфони.

  • Прво извлекување на 05.05.2020 година, доделуваме 20 пакети
  • Второ извлекување на 04.06.2020 година, доделуваме 20 пакети
  • Трето извлекување на 03.07.2020 година, доделуваме 20 пакети

Во извлекувањата учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од претходниот месец.

Услугата Е-сметка можете да ја активирате на еден од следните начини:

  • преку мобилната апликација Мојот А1 во делот Сметки
  • со праќање SMS порака во која ќе ја наведете Вашата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410
  • преку веб-страницата www.A1.mk во секцијата Мојот А1

Сите корисници со активирана Е-сметка кои ќе направат и онлајн плаќање на сметките преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата на линкот www.A1.mk/plati-smetka, имаат двојно поголема можност за подарок.

Бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на следниот начин.

Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Правила за доделување подароци со активација на Е-сметка