Дигитализација во хармонија со животната средина

Не само пеењето на птиците високо на дрвјата но и истражувањата како што е Global e-Sustainability Initiative (GeSi) спроведено 2015 година, покажа дека ICT можат да ја намалат емисијата на CO2 за дури 20% до 2030 година. Но што значи ова за една телекомуникациска компанија како што е нашата, сигурно се прашувате? Продолжете да читате!

Дигитализацијата е главниот “виновник” што телекомуникациските компании се сретнуваат со предизвик од две страни: Од една страна, важно е да се прошири инфраструктурата во целата земја како би ги направиле достапни производите и услугите пошироко. Но од друга страна, исто така е важно што побарувачката за зголемена енергија на растечката мрежа треба да биде пријателски настроена кон животната средина и однесувањето кон ресурсите.

Се сретнуваме со одговорноста кон животната средина и уште од 2010 година имаме имплементирано раководење со истата во целата Групација, која ги контролира и мери целите и активностите. Кога зборуваме за намалување на емисијата од штетните гасови, прво ги користиме целните мерки за намалување на емисијата, а втор чекор е добивање на енергијата што ни е потребна преку обновливи извори секогаш кога тоа е возможно и економски исплатливо. Во потрагата по примери во нашите компании, се сретнавме со извонредни проекти: А1 Австија е пионер во еколошко и пријателско обезбедување на своите корисници со својата зелена мрежа. Речиси во сите земји, се раководиме со природата и ја користиме енергијата од сонцето и ветерот како и хибридните модели за нашите базни станици, во Белорусија и Австрија, фотоволтажни паркови придонесуваат кон производство на зелена енергија.

И покрај напредокот кој го имаме направено кога сме ги направиле првите чекори, нашиот пат не е завршен. Како би биле успешни, потребно е да имаме раководство што не поддржува, специјалисти кои се ориентирани кон обезбедување решенија како и вработени кои работат заеднички.

Одговорно работење кон нашата животна средина не е само за да се чувствуваме ние добро, туку е потребно да се практикува постојано. Погледнете ги неколкуте одржливи активности низ А1 Групацијата и дознајте повеќе читајќи го Combined Annual Report 2017!

 

Оригинално објавено на A1 Stories.