Интерактивна телевизија

Изберете A1 Combo и нема да пропуштите ниту момент од Вашата омилена серија или филм затоа што сега добивате интерактивна телевизија бесплатно.

Со интерактивната телевизија паузирајте, гледајте програма од почеток, снимајте, секогаш имајте преглед на ТВ програмата и гледајте емитувана програма до 70 канали, 7 дена наназад.

Интерактивната телевизија и А1 Видеотеката се достапни бесплатно за сите корисници кои ќе склучат договор за A1 Combo за целото времетраење на договорот.

Постоечките корисници на A1 Combo, кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат со замена на постоечкиот ресивер со нов дигитален ресивер, со еднократен надомест од 1.999 ден. или на 12 рати за 199 ден./месечно.

Што Ви овозможуваат интерактивните функционалности при гледање телевизија?

Паузирање и гледање програма од почеток

Функцијата паузирање Ви овозможува да ја запрете програмата која ја гледате во моментот и да продолжите со гледање точно од моментот каде што сте застанале.

Доколку не сте успеале да ја гледате омилената програма од почеток, со интерактивната телевизија можете да ја премотате наназад.

Снимање на програмата

Доколку не сте во можност да ја следите Вашата омилена ТВ програма во моментот на емитување, може да ја снимите и да ја гледате подоцна.

Снимената програма може да ја гледате 20 дена од денот на снимање, а потоа снимената содржина автоматски се брише.

Со интерактивната услуга бесплатно добивате 10 часа снимање на мрежа. Доколку имате потреба од повеќе простор за снимање, во секој момент може да активирате дополнителни 10 часа снимање на мрежа, за 249 ден./месечно. Со ова добивате вкупно 20 часа простор за снимање на мрежа кои се валидни сè додека се плаќа претплата.

Преглед на емитувана програма

Доколку не сте ја гледале ТВ емисијата што Ви се допаѓа, оваа функција Ви овозможува да гледате ТВ програма до 70 канали, 7 дена наназад!

Бесплатна А1 Видеотека

Во Видеотеката, имате пристап до однапред снимени видео содржини (филмови, концерти, видеа итн) кои можете да ги гледате кога Вам Ви одговара. Освен до содржините кои Вие ќе ги снимите, сега имате и бесплатен пристап до сите содржини поставени во Видеотеката (Disney, Klasik TV, Биби, Златно Славејче и многу други).

Родителска заштита

Вие имате контрола на содржината што вашите деца ќе може да ја гледаат. Содржината што сметате дека е несоодветна за деца ќе може да ја заклучите со внесување ПИН.

Достапност на услугата

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Велес, Тетово и Штип на локации каде што постои техничка можност.

Листата на канали за кои се овозможени интерактивните функционалности:
MRT 1 MRT 2 Sobraniski kanal Sitel Kanal 5 Telma
Alsat_M Alfa TV Sonce TV 24 Nasha TV TV Shenja
BBC Earth Viasat Explore MKD Viasat History MKD Viasat Nature MKD Klasik TV ELTA 2
City Play CMC E Entertainment Fashion Television Fight Channel Film Box Arthouse
Film Box Plus Epic Drama Jugoton Kerrang! Kiss Magic
RTL RTL 2 RTL Kockica RTL Living RTRS Smash Hits
Travelxp TV 1 TV 1000 Pink 3 Info Pink Extra Pink Fashion
Pink Film Pink Folk Pink Folk 2 Pink Hits 1 Pink Hits 2 Pink Kids
Pink Koncert Pink Music Pink Music 2 Pink Plus Pink Reality Pink Roll
Pink World          

 

За повеќе информации јавете се во Контакт центарот на 077 1234.

Нарачајте A1 Комбо пакет што најмногу Ви одговара на бесплатниот број 0800 78 787 или направете онлајн нарачка.