Роаминг пакети

A1 Roam Surf пакети!

Бидете онлајн каде и да сте, истражувајте и споделувајте во секој момент од Вашето патување во странство, со пакетите А1 Roam Surf.

Роаминг пакети A1 Roam Surf XXL A1 Roam Surf XL A1 Roam Surf L
Вклучено 10GB 3GB 500MB
Цена за активација 999 ден. 499 ден. 249 ден.
Достапен во 33 земји / оператори во Европа и САД
Важност на пакетот 30 дена од момент на активација
Начин на активација Со SMS со текст START XXL на 140999 Со SMS со текст START XL на 140999 Со SMS со текст START L на 140999
Тарифен интервал 100 KB

 

Со активирање на  било кој од пакетите, имате целосна контрола на трошоците за интернет во роаминг, бидејќи откако ќе го потрошите вклучениот интернет во роаминг во пакетот или тарифата, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. За да продолжите да користите интернет во роаминг, може да активирате дополнителен роаминг пакет. Доколку преминете на мрежата на роаминг-оператор што не е вклучен во пакетот, пристапот до интернет ќе Ви биде прекинат и ќе добиете насоки со SMS-порака како да продолжите со користење интернет во роаминг.

Проверка на преостанатиот интернет во роаминг од пакетите, може да направите преку мобилната апликација Мојот А1 или со испраќање на SMS порака со текст STATUS INTERNET на бројот 1490.

Корисникот со активен A1 Roam Surf L/XL/XXL пакет треба да има минимум кредит на својата сметка за да го користи пакетот (износот на потребен кредит зависи од операторот/земјата каде што се користи пакетот и е даден кај списокот на земји каде што важат пакетите A1 Roam Surf L, XL, XXL).

Пакетите A1 Roam Surf важат за одредени oператори во Европа, меѓу кои: A1 Србија, A1 Бугарија, IPKO Косово, Telenor Црна Гора, A1 Хрватска, Vodafone во Грција, Албанија, Турција, Италија, Германија, Шпанија и други.

Список на земји и партнери каде што важат пакетите A1 Roam Surf L, XL и XXL.

За повеќе информации јавете се во Контакт центарот на 077 1234.

 

Роаминг пакети во земјите од Западен Балкан

Активирајте A1 Roam Surf Balkan пакет и сурфајте безгрижно во земјите од Западен Балкан - Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Пакетите се достапни за сите А1 Постпејд и А1 Припејд корисници и важат на сите мрежи.

Роаминг пакети A1 Roam Surf Balkan S A1 Roam Surf Balkan L
Вклучен интернет 2GB 5GB
Цена за активација 299 ден. 499 ден.
Достапен во земјите од западен Балкан: Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина на сите оператори
Важност на пакетот 30 дена од моментот на активација
Начин на активација Со ЅМЅ со текст START BALKAN Ѕ на 140 999 Со ЅМЅ со текст START BALKAN L на 140 999

Со активирање на кој било од пакетите, имате целосна контрола на трошоците за интернет во роаминг, бидејќи откако ќе го потрошите вклучениот интернет во роаминг во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. Пакетите се со валидност од 30 дена од моментот на активација и не се обновуваат автоматски. Истовремено корисникот може да има само еден активен пакет од ист вид.

Доколку корисникот сака да продолжи да ја користи услугата интернет во роаминг треба да активира нов интернет пакет.

При активирање на роаминг пакет, ќе добиете SMS-известување дека пакетот е активиран.

Корисникот со активен A1 Roam Surf L/XL/XXL, A1 Roam Balkan пакет треба да има минимум кредит на својата сметка за да го користи пакетот (износот на потребен кредит зависи од операторот/земјата каде што се користи пакетот и е прикажан кај списокот на земји каде што важат пакетите A1 Roam Surf L, XL, XXL, A1 Roam Balkan).

За повеќе информации јавете се во Контакт центарот на 077 1234