А1 Менаџмент

Јиржи Дворјанчански

Главен извршен директор

Ја започнува успешната кариера во сферата на телекомуникациите во 1999 г. како директор за продажба на „Т-Мобиле" во Република Чешка.

Во 2002 г. станува извршен потпретседател на Одделот за маркетинг, останувајќи на таа позиција до 2008 г. Во 2009 г. е унапреден во Управниот одбор на „ТМобиле" - Германија, каде што работи на позицијата извршен потпретседател на Одделот за маркетинг до 2009 г.

Методија Мирчев

Извршен директор

Методија Мирчев ја започна својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имаше извршна позиција во L’Oréal Полска.

Бранимир Мариќ

Главен директор за техника и информатичка технологија

Бранимир Мариќ има повеќе од 20 години работно искуство во телекомуникацискиот и ИТ секторот.

По дипломирање на Факултетот за електротехника и компјутери во Загреб, Бранимир својот кариерен пат го започнува во 1998 година во Хрватски Телеком, каде што работеше на различни професионални и менаџерски позиции со фокус на управување и развој на мрежата и нови производи и подобрување на корисничкото искуство...

Иван Скендер

Главен директор за човечки ресурси, корпоративни комуникации и бизнис трансформација

Иван има повеќе од 15-годишно меѓународно искуство во телекомуникации и информатичка технологија во Централна и во Источна Европа. Пред да се приклучи на „Випнет", работел на различни раководни позиции во групацијата „Дојче телеком", последно како директор на маркетинг за B2B и Cloud/ICT сегментот на словачкиот пазар.

Горан Анѓелески

Главен финансиски директор

Горан Анѓелески својата успешна кариера ја започна во Македонски Телеком во 2006 година. Една година подоцна стана дел од тимот на А1 Македонија, односно тогашниот Vip оператор. Тој брзо ја гради својата кариера во компанијата преку повеќе менаџерски позиции во финансискиот сектор, но и како член на клучниот тим за аквизиција и интеграција на третиот мобилен оператор и повеќе кабелски оператори на македонскиот пазар, како и имплементација на процесите по аквизицијата.

Ивана Марковиќ

Главен директор на одделот за приватни корисници на А1 Хрватска

Ивана дипломира на Факултетот за економија и трговија во Италија и јазапочнува кариерата во FMCG индустријата, по што ја продолжува својата успешна кариера во Телко секторот.

Со нејзиното широко и долготрајно искуство на извршни менаџерски позиции во високоодговорни сектори,Ивана е одговорна за стратегиски развој...

Даниел Шимиќ

Главен директор на сегментот за деловни корисници на А1 Хрватска

Во своето 20-годишно меѓународно искуство во консултантската и ICT индустријата, Даниел структурирал и управувал со комплексни проекти за трансформација во телекомуникациската индустрија и јавниот сектор во Хрватска и регионот на Централна и Источна Европа.