Активација на е-сметка

Дајте го својот придонес во зачувување на околината, со активирање на услугата "Електронска сметка"!

Со оваа услуга, сметката повеќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата e-mail адреса ќе добиете:

  • број на фактура, како и износот на Вашата месечна сметка
  • PDF документ од Вашата месечна фактура

Услугата Е-сметка можете да ја активирате на еден од следните начини:

  • преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки
  • со праќање SMS порака во која ќе ја наведете Вашата е-мејл адреса на бесплатниот број 140410
  • преку веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1

По активацијата, следната издадена сметка, ќе Ви биде доставена на Вашата e-mail адреса.