Јавете се дома од роаминг

Кога патувате во роаминг, јавете им се на најблиските и пријателите за да им ги раскажете доживувањата, само за 55 ден./минута, со едноставно користење на USSD опцијата за повици со код.

Сè што треба да направите е да  впишете*123* пред секој повик во следниот формат *123*389ХХХХХХХХ#, каде што ХХ е бројот што сакате да го повикате. Веднаш ќе добиете повратен повик и ќе може да  зборувате колку сакате!

Оваа понуда е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на A1 тарифните модели, без дополнителни трошоци за активација за повици со USSD код од оператори што ја овозможуваат таа услуга.

За роаминг USSD повици остварени од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово кон претплатници на оператори од овие земји, се применува регулирана цена од 3,64 денари/минута.

Повиците со USSD-код од 1.7.2021 нема да бидат достапни во земјите од Западен Балкан. Корисниците нема да можат да направат повик со USSD-код од овие земји и за нив ќе важи регулативата за роаминг во земјите од Западен Балкан.

Цените се со вклучен ДДВ. Интервалот на тарифирање изнесува 60/60 секунди.

Цените важат само за операторите што овозможуваат повици со USSD-код.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.