Корисничка поддршка

Како да направам онлајн нарачка за A1 Combo пакет со интернет, телевизија и/или мобилни линии преку веб-страницата на А1?

Онлајн нарачка на A1 Combo пакет може да направите:

  • Преку Веб-калкулаторот – направете го својот A1 Combo пакет со интернет, телевизија и мобилни линии според Вашите потреби.
  • Преку A1 Live Shop Виртуелната продавница – со клик на „Започнете разговор“ го внесувате Вашиот контакт број, на кој продажниот агент за кратко ќе Ве контактира. Продажниот агент ќе може да го видите на екранот, ќе Ви објасни во живо сè што Ве интересира за нашите производи и услуги и ќе може да Ви ги покаже уредите во живо.
  • Преку формите за нарачка преку копчето „Нарачај”, кои се поставени на страниците за пакетите/услугите.

1. Пополнете ја формата со Вашите податоци како и со податоците за улица и број каде што би се извршила инсталацијата на избраниот пакет/услуга.

2. По испраќањето на формата, нашите агенти ќе ги проверат техничките можности за инсталација – дали услугата е достапна на адресата што ја имате внесено за инсталација.

3. Во најбрзо време нашите агенти ќе Ве контактираат телефонски и ќе Ве известат за можноста за инсталација на избраниот пакет.

Доколку Вашата нарачка има техничка можност за имплементација и сите други услови за обнова/потпишување договор се исполнети – ќе добиете потврден одговор од нашите агенти, притоа новиот договор спремен за потпис ќе Ви биде доставен на врата.

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања