Корисничка поддршка

Како да надополнам кредит?

Надополнување на припејд сметката може да се направи на повеќе начини:

  • преку нашата веб страна на следниов линк www.a1.mk/nadopolni-kredit, постапката е едноставна само следете ги чекорите низ процесот;
  • преку услугата Кредит трансфер со испраќање на бесплатна СМС порака од А1 постпејд број на бројот 1443 со содржина „DOPOLNI" каде го додавате бројот на А1 Припејд корисникот (07Х ХХХ ХХХ) и износот на кредитот ХХХ што сакате да го префрлите (минимум 100 денари и максимум 300 денари за едно надополнување) (Пример: За префрлени 300 денари на бројот 077123456, SMS пораката треба да изгеледа вака: “DOPOLNI 077123456 300”);
  • преку услугата Мојот А1 (мобилна апликација или веб портал) - во самото мени ја има услугата "префрли кредит" каде што ќе треба да ги внесете потребните информации во полињата и да притиснете "испрати". Можете да направите надополнување од 100 денари па сè до 1.000 денари користејќи платежни картички Master, Maestro и Visa;
  • преку A1 e-ваучер во нашите A1 продажни салони, А1 партнерски места и трафики - едноставно одберете кој било износ помеѓу 100 и 1000 денари и посетете едно од продажните места коишто овозможуваат надополнување со A1 е-ваучер; 
  • со A1 хартиен ваучер - ваучерите се достапни во различни вредности од 100, 200, 300, 500 и од 1000 денари. Ваучерот можете да го внесете со повик на бројот 1770 каде што одбирате 2 за надополнување, а потоа го внесувате кодот со 14 цифри од ваучерот. Потврдувате со притискање на “#”; или преку USSD кодот -> *100# кодот на ваучер и притисни "#" па слушлката за повик (Пример: *100#12345678912345#); или
  • преку банкоматите на Тутунска и на Стопанска банка - сè што треба да направите е да поседувате картичка од која било банка да ги следите лесните чекори за надополнување на сметката што се наведени и да ја надополните Вашата A1 Припејд сметка со износ помеѓу 100 и 1000 денари.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања