Корисничка поддршка

Како да користам интернет во странство?

За да можете да користите мобилен интернет во странство, потребно е да се направат прилагодувања на Вашиот мобилен уред кои зависат од оперативниот систем.

Доколку имате телефон со Android оперативен систем потребно е да ги направите следните подесувања:
Одберете Settings - Connections - Mobile Networks - Access Point Names.
Притиснете на Add во горниот десен агол.
Во полињата Name, APN, Username i Password се впишува internet.
Другите полиња не е потребно да го подесувате, односно потребно е да останат празни.
Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата Save со што подесувањата ќе видат зачувани и ќе бидете вратени во полето APNs.

Доколку користите iOS оперативен систем, рачните подесувања се следни:
Одберете Settings - Mobile Data - Mobile Data Network - Access Point Names.
Во полињата APN, Username и Password се впишува internet.
Подесувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile data.

Дополнително, проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).

Направете дополнителна проверка преку апликацијата „Мојот А1“ дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања