Корисничка поддршка

Како да ги прескенирам каналите?

SAGEM STB ресивер (бел)

Прескенирање на каналите се прави на следниов начин:

Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Подесување“. Одберете „Технички подесувања“ а потоа притиснете на „пребарување на канали“ и одберете „ОК“ на „Започни пребарување“.

На овој начин ќе започне процесот на пребарување на каналите. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени. Веднаш потоа притиснете два пати на копчето „ОК“.

 

STRONG STB ресивер (црн)

Пребарување на канали се прави на следниов начин:

Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Канали“, и кликнете на опцијата „Пребарување“ и „ОК“. На овој начин ќе започне процесот на пребарување на каналите. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени.

Погледнете го видеото каде детално е опишан начинот на Прескенирање на каналите и фабрички поставки кај DVB-T рисиверот STRONG SRT8420

 

KAON 1701D DVB-T (црн)

Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Конфигурација”. Притиснете на Инсталација на каналот, одберете „ОК“ и внесете го пин кодот  1234 (ова е иницијалниот пин код). Веднаш потоа одберете „Автопоседување на екранот” и „ОК“ за да започне пребарувањето. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени. Веднаш потоа одберете „ОК“ на опцијата “Зачувај”.

Погледнете го видеото каде детално е опишан начинот на Прескенирање на каналите и фабрички поставки кај DVB-T рeсиверот KAON 1701D

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања