Корисничка поддршка

Како да ја вметнам програмската картичка во ресиверот?

SAGEM STB ресивер (бел)

Доколку користите бел ресивер - Sagem потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа потребно ќе биде да го рестартирате дигиталниот ресивер од струја.

 

STRONG STB ресивер (црн)

Доколку користите црн ресивер - Strong потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Проверете дали е правилно вметната картичката, извадете ја и вратете ја картичка повторно во ресивер. Веднаш потоа потребно ќе биде да го рестартирате дигиталниот ресивер од струја.

Доколку на овој начин не успеете да ја средите потешкотијата, неопходно ќе биде да направите фабричко ресетирање на уредот. Постапката за фабричко ресетирање е следна:

Одберете „Мени“ на далечкинскиот управувач од дигиталниот ресивер, потоа одберете – „Прилагодување“ потоа полето „Фабрички ресет“ и одберете „ОК“. На овој начин уредот ќе го започне фабричкото ресетирање, со што сите поставки ќе бидат вратени како на почеток. Почекајте да заврши процесот на фабричко ресетирање и да се вклучи Вашиот уред.

 

KAON 1701D DVB-T (црн)

Пораката „Вметнете ја програмската картичка“ може да се појави кога програмската картичка не е вметната во ресиверот, или е погрешно вметната. Слотот за картичката се наоѓа од десната страна (гледано однапред) и картичката се вметнува со чипот свртен кон долу (кон под).

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања