Корисничка поддршка

Како да го проверам сигналот за прием на програмата (слаб сигнал)?

 SAGEM STB ресивер (бел)

Нивото на прием на сигнал се проверува преку дигиталниот ресивер.

Одберете „Мени“, потоа притиснете на „Подесувања“, изберете „Технички подесувања“ и внесете го ПИН кодот (0000 или 1234 - како фабрички) и одберете „Сигнал“.

Застанете на вредноста S/N, параметарот за вредност треба да биде од 24 до 27. Доколку Ви појавува помала вредност, поместете ја антената со тоа што вредноста би се зголемила до саканата вредност.

Потоа застанете на втората опција BER. Вредноста треба да биде од 0 до 100, но може да варира до 2000. Ако оваа вредност е поголема ќе имате потешкотија со приемот на сигнал. Ова може да го решите со придвижување на Вашата надворешна антена.

Следните полиња се јачина на сигнал и квалитет на сигнал кои оптимално треба да се со вредност 100.

 

STRONG STB ресивер (црн)

За проверка на сигналот на STRONG ресиверот одберете одреден ТВ канал и притиснете два пати на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер на копчето „ i “ кое ќе Ви отвори поле за S/N кој треба да се движи во вредност од 24 до 27, додека вредноста на BER треба да се движи до 100.

Доколку овие параметри Ви се повисоки тогаш Ве советуваме да ја поместите Вашата надворешна антена додека дојдете до соодветната вредност.

 

KAON 1701D DVB-T (црн)

За проверка на сигналот на KAON ресиверот одберете Мени на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, притиснете Конфигурација, а потоа одберете Информации за системот. Притиснете Дијагностика и изберете Статус на каналот.

Тука се наоѓаат две опции кои го покажуваат сигналот:

  • ниво на сигнал
  • квалитет на сигнал

Потребно е овие две опции да се исполнат во целост за најдобар прием на сигналот. Колку помалку е исполнета линијата од соодветниот параметар, толку е поголема веројатноста да имате потешкотија со прием на сигнал. Во тој случај Ве молиме поместете ја Вашата надворешна антена за да добиете подобар прием на сигналот.

За квалитетен прием на сигналот задолжително треба да поврзете надворешна антена насочена кон најблискиот ТВ предавател.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања