Корисничка поддршка

Како да купам телефон или друг уред на рати?

Во нашата понуда услугата за купување/плаќање уред со месечни рати е овозможена за одредени модели на уреди преку месечната сметка за телекомуникациски услуги од А1.

Доколку се одлучите за купување уред од понудата на уреди достапни на рати преку месечна сметка за телекомуникациски услуги од А1, тогаш потребно е да приложите потврда за редовен работен однос (преземете PDF) и чек со минимален износ на примања. 

Барањето за склучување на договор за телекомуникациски услуги од А1 можете да го поднесете на следниов линк од нашата веб страна https://www.a1.mk/a1liveshop , или пак, да го посетите најблискиот продажен салон на А1 со валиден документ за лична идентификација. 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања