Корисничка поддршка

Како да ја добивам мојата сметка преку е-маил?

Вашата сметка можете да ја добивате преку е-маил со активација на „Е-сметка“.

„Е-сметка“ можете да активирате на еден од следните начини:

  • преку формата за Активација на Е-сметка;
  • преку мобилната апликација „Мојот A1“ (симнете ја мобилната апликација „Мојот A1“ преку Google Play/App Store, креирајте Ваш профил и најавете се во делот „Сметки“ и одберете ја опцијата „Е-сметка“); или
  • со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.

Со оваа услуга, сметката повеќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата е-маил адреса ќе добиете:

  • број на фактура;
  • износот на Вашата месечна сметка; и
  • PDF-документ од Вашата месечна фактура

По активацијата на „Е-сметка“, следната издадена сметка ќе Ви биде доставена на Вашата е-маил адреса.

Активација на Е-сметка онлајн и со испраќање SMS важи само за приватни корисници на мобилни услуги. 

Доколку сте бизнис корисник, можете да активирате е-сметка со пополнување на согласност (истата можете да ја преземете на следниов линк: https://www.a1.mk/documents/20126/1875637/Soglasnost-za-elektronskadostava-na-pismena-pravno-lice-Mojot_A1.pdf ), а откако ќе ја пополните, потребно е да ја испратите на нашата е-маил адреса за бизнис корисници: bcc@a1.mk.

Погледнете го видео туторијалот, кој ќе Ви помогне како да ја платите Вашата Е-сметка:

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања