04.08.2020

Интервју со Јасмина Бујароска Митева, Tим лидер на тим за квалитет на услуги и Маја Јаневска, Постар специјалист за дигитална трансформација

Во последно време насекаде слушаме за дигитализација, роботизација и автоматизација на процеси. Статистиките покажуваат дека во наредните неколку години дури 50 % од работните задачи ќе се променат значително како резултат на автоматизација на процесите. За тоа кои технологии и алатки се користат за автоматизација на процесите, нивната примена во А1 Македонија и кои се идните планови на компанијата за автоматизација на тестирањето разговаравме со Јасмина Бујароска Митева, Постар тим лидер на тим за квалитет на услуги и Маја Јаневска, Постар специјалист за дигитална трансформација.


Што всушност значи Process Automation?

Автоматизација на процеси подразбира користење на технологија за автоматизирање на секојдневни репетитивни таскови, преку строго дефинирани правила и акции. Автоматизацијата има за цел да ги направи процесите поекономични, транспарентни и отпорни на грешки, а на организациите да им заштеди време и да обезбеди спроведување на најдобри практики за подобрување на целокупната оперативна ефикасност.

Кои се моментално активностите во А1 во врска со Process Automation?

Маја Јаневска: Моментално сме фокусирани кон идентификација на интерни процеси кои се мануелни, често се повторуваат, одземаат време, се состојат од повеќе чекори кои не се менуваат, за кои човечка интервенција не е неопходна и кои треба секогаш да бидат изведени без грешки. За анализа користиме моќна платформа за Process Mining, која ни овозможува да ги видиме процесите, не какви треба да бидат туку како навистина функционираат во реалноста, а преку тоа и да ја согледаме можноста за подобрување, оптимизација и автоматизација на истите. Исто така, заедно со А1 Групацијата работиме на соработка со Process Automation тимовите од другите земји кои се дел од Групацијата која ќе обезбеди поголема транспарентост и споделување на искуството и знањето во оваа област. 

Како автоматизацијата на процесите и автоматско тестирање се користи во одделот за информациски технологии и системи за бизнис поддршка? 

Јасмина: Уште пред неколку години во А1 Македонија креиран е првиот робот наменет за автоматско тестирање на нови продукти и услуги, како и тестирање на системите за бизнис поддршка и администрација на корисници при нивна надградба. Станува збор за тестирање на исклучително комплексни системи кое бара верификација преку голем број на тестни сценарија и тестни ресурси. Со користењето на автоматското тестирање се скратува времето за тестирање и се обезбедува поголема сигурност на квалитетот на услугите кои што се нудат на крајните корисници.
Исто така, овој робот се користи и за автоматизација на повеќе репетитивни процеси во компанијата кои ги вклучуваат системите за бизнис поддршка.

Кои се идните планови за автоматизација на тестирањето?

Јасмина: Со оглед на новонастанатата ситуација и зголемената интеракција на корисниците со нашите производи и услуги преку дигиталните канали, исклучително е важно да се обезбеди сигурноста на квалитетот на  нашата апликација Мојот А1. Во случајот со оваа мобилна апликација во процес сме на унапредување на тестирањето со користење на различни алатки. Бидејќи мобилните апликации се кристат на најразлични уреди со различни карактеристики: оперативен систем, големина на екран, процесор, итн., многу е важно да се направи сеопфтано тестирање кое ќе вклучи проверки на повеќе уреди. За оваа цел во нашиот оддел почнуваме со користење на “фарма” на уреди на Амазон (AWS Device Farm) што овозможува проверките да се изведат за многу пократко време и со подобар квалитет преку претходно припремени скрипти за автоматско тестирање на многу мобилни уреди.

 

Image

Кои се идните планови и стратегии на А1 Македонија и А1 Групацијата во врска со Process Automation?

Маја Јаневска: Ако пред неколку години прашањето беше дали да се инвестира во автоматизација на процеси, денеска е евидентно дека мора и прашањето веќе не е дали, туку кога ќе се имплементира. Меѓу најважните трансформациски проекти од областа на автоматизацијата на процесите е и проектот Marketing Automation кој се спроведува во целата A1 Групација. Затоа А1, како компанија која ги следи технолошките иновации и инвестира во дигиталната трансформација, во стратегијата за наредните три години вклучува симплификација и роботизација на процесите. За да се постигне ова клучно е најпрво да ги разбереме и анализираме постоечките процеси и системи, потоа да ги поедноставиме што е можно повеќе и единствено после тоа да воведеме автоматизација во деловите каде што е најсоодветно. Сето ова повлекува учење и совладување на нови дополнителни дигитални вештини што е уште една од стратешките цели на A1. Целта е во насока на зголемување на ефикасноста на извршување на внатрешните операции на компанијата, што би придонело до посреќни и помотивирани вработени, но и најважно – обезбедување на супериорно корисничко искуство за корисниците на А1 Македонија.

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе