10.07.2020

Малку поинакво лето

Поголема дистанца, поголема потреба за комуникација

Во изминатите неколку месеци, драстично се променија активностите на луѓето и начинот на кој ги извршуваат секојдневните работи, и тоа во повеќе сегменти. Училишни часови од дома, online купување на намирници, одржување на состаноци и обуки преку Skype, фитнес часови на Zoom, неформални дружби преку group chat апликациите, се само едни од активностите кои повеќето од луѓето за прв пат и ги направија во своите животи. Со овие промени, дојдоа и промените во начинот и обемот на користењето на телекомуникациските услуги. Потребата за комуникација станаа најнеопходна, а со тоа и се побарани алатките за комуникација кои не прават блиски, иако не сме заедно.

Без разлика дали станува збор за приватни или бизнис корисници, припејд или постпејд услуги, национални разговори или мобилен интернет, телевизија или фиксна телефонија, поголеми осцилации во корисничките навики се случија на секое поле. Водени од овој тек на настаните, А1 Македонија агилно и навремено понуди услуги и промоции за своите корисници, адаптирани на новите потреби, паралелно работејќи и на инфраструктурата која би ја поддржала зголемената побарувачка на услуги. Тим од експерти во компанијата преку Design Thinking методата го антиципираше корисничкото однесување за ова лето, додека преку Lean методата ги тестира понудите кои се лансирани, сé со цел брза и адекватна понуда на услуги.

 

Мобилните услуги поважни од било кога

Во сегментот на мобилните услуги, корисниците ги употребуваат своите смартфони како примарно орудие за комуникација, па затоа значително е зголемен обемот на национални разговори но, и на користењето на мобилниот интернет. Дополнително, очекувањата се дека корисниците ќе го поминат ова лето во рамките на земјата, што претставува уште еден фактор за зголемена потреба на национален интернет. Затоа, А1 им овозможи на своите приватни и деловни постпејд корисници да активираат месечен интернет пакет Net 20GB, со што добиваат 20GB интернет за само 299 денари.

За припејд корисниците пак, А1 Македонија започна наградна игра „Надополни и играј за iPhone SE 20” каде со секое надополнување на кредит на својата припејд сметка во периодот од 6ти јули до 13ти септември, корисниците добиваат можност да учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијални добитници на iPhone SE 20. Покрај можноста за награда, за да се обезбеди поголема безбедност и комфор на корисниците во овие специфични услови, за сите онлајн купувања на припејд картички А1 овозможи испорака до дома.

Бидејќи образованието, работата и забавата се префрлуваат онлајн А1 лансираше и нова тарифа за мобилен интернет - A1 Mobile Net, со која корисниците добиваат 20GB мобилен интернет и бесплатен таблет преку кој корисниците можат да учат, да го водат својот бизнис или пак да следат забавни содржини.

 

Попусти за купување уреди

Покрај смартфоните, уредите како лап топ, таблет и телевизор се следните алатки со кои корисниците управуваат и ги користат во овие специфични услови. Токму поради ова, А1 Македонија за корисниците на фиксни и мобилни услуги во пакетот А1 Combo обезбеди попуст од 15.000 денари за купување на смартфон, телевизор, лаптоп или таблет. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија, корисниците имаат можност да креираат решение која најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваат попуст од 15.000 денари за купување на уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L.

За дигитално менаџирање на својот дом и поголема безбедност и сигурност во истиот, А1 во овој период обезбеди намалени цени за сите Smart Home пакети, како и на месечните претплати за истите. Најповолниот пакет Smart Home Basic во кој се вклучени централна единица, два паметни приклучоци и сензор за врати и прозорци e достапен за 399 денари месечно, а месечната претплата за користење на услуги од овој пакет е 0 денари.

 

Бизнис комуникација во новите услови

Од причина што ниту бизнис светот не е изоставен од новите услови на функционирање, А1 Македонија во овој период понуди нови придобивки за поддршка на деловните корисници преку зголемен национален интернет сообраќај од 20 GB во тарифниот модел A1 Neo M и 30 GB во тарифниот модел A1 Neo L, за веќе постоечката месечна претплата. Покрај мобилниот интернет, бизнис корисниците исто така имаат можност да искористат попуст за купување на уред во Combo пакетот, како и да добијат комплетно решение за работа надвор од канцеларијата со релевантни ИКТ услуги- Microsoft 365 Apps for Business во првите 3 месеци бесплатно. Microsoft 365 Apps for Business e софтверско решение кое што ги вклучува познатите Office апликации, како што се Word, Excel, PowerPoint, и Outlook, заедно со дополнителни онлајн бизнис услуги, кои што им овозможуваат на корисниците да имаат пристап до сите канцелариски алатки за водење на секој бизнис, работејќи од дома ефикасно и продуктивно.

Со самиот почеток на новонастанатата ситуација со вирусот COVID 19, провајдерите на комуникации, а пред се телекомуникациските оператори, се најдоа во срцето на светот кој брзо се менува. Таму и остануваат, а А1 Македонија како лидер на македонскиот пазар продолжува да биде посветен на своите корисници во обезбедување на врвно корисничко искуство и во овие специфични услови.

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе