29.05.2020

Интервју со Емилија Зографска - Комуникациите не се факултативна опција туку потреба

На самиот почеток на прогласување на кризата А1 Македонија беше компанија, која иако голема по бројот на вработени ,  провајдер на едни од клучните услуги за граѓаните , сепак успеа веднаш да направи брз пресврт во работењето, да ги префрли вработените во модел на работа од дома, а тоа воопшто да не се почувствува во квалитетот на испорака на производите и услугите. Дотолку повеќе што компанијата не се фокусираше само на обезбедување дополнителни содржини за корисниците, туку прави пионерски чекори на пазрот во однос на воведувањето нови дигитални канали за продажба што го прави пристапот многу поедноставен и она што сега е приоритет- безбеден. Тоа што остава впечаток е видливоста, не само на информациите поврзани со понудите од А1, туку и информациите поврзани со вработените кои очигледно го имаат приматот во компанијата, што пак остава впечаток на едноставност и доверба. За комуникациите кон јавноста и вработените, разговараме со Емилија Зографска од одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија. 

1 .  Дали кризата донесе поголем предизвик во комуникациите и како ги оценувате од оваа перспектива кога веќе состојбата почнува да се стабилизира? 

ПР професионалците се подготвени да делуваат во криза и во услови кога ни од далеку нема предзнаци таа да се случи и убедена сум дека со оваа моја констатација ќе се согласат моите колеги во фелата. Плановите за одржување континуитет на операциите во вонредни услови и план за кризни комуникации се предмет на постојано унапредување што носи голема предност за брза, недвосмислена и проактивна реакција во време кога е таа потребна. Да, предизвикот е голем, притисокот уште поголем, но јасната цел, добрата организација и навремени одлуки ја прават комуникацијата ефикасна. Во плановите се скенирани состојбите што може да предизвикаат застој и пореметување во процесите на работење на компанијата , предвидени се основните чекори за комуникација, но секако реалноста носи нови случувања кои треба да се пресретнат , а сето тоа да биде навремено и прецизно јасно. Сега, во време на реална криза со која се соочивме, се докажа и важноста да се има подготвен кризен комуникациски план. Настаните бараа и сеуште бараат брза реакција без можност за одложување. 

2. А1 направи брз трансфер во новиот модел на работа од дома. Што променивте во комуникацијата со вработените во време на КОВИД 19? 

Во услови на несигурност, јавноста бара најнови и кредибилни информации преку сите достапни канали што се докажа и овојпат. За А1  најважно е вработените да бидат инволвирани и фокусирани на темите кои се важни за нив и први да ги добиваат информациите, особено оние кои се директно поврзани со нивното работење. Во овој случај , најважно за нас беше нивното здравје и безбедност. Комуникацијата ја започнавме многу пред прогласувањето на кризата на ниво на земјата повикувајќи ги да се придржуваат до препораките за превентива и заштита, да ги користат средствата за заштита кои веднаш ги набавивме, да се грижат за личната , но и за хигиената на сите детали кои се во нивното опкружување.  Она што се промени не беше само содржината на информациите кои сега не се однесуваа само на работењето, проектите кои ги спроведуваме или на бизинс информациите, туку и на фреквентноста на објавите кои беа и сеуште се секојдневни и не се само од информативен туку имаат едукативен карактер и поддршка со сите потребни совети и упатства тргнувајќи од организацијата на работата во овие променети услови до совети за менаџирање на стресот, како да се постигне балансот помеѓу приватниот и деловниот живот притоа секогаш потенцирајќи ја важноста од почитувањето на мерките за заштита и превенција. Освен регуларните информации од менаџментот, се насочивме да обезбедиме информации со многу упатства и трикови како се фнкционира од дома и како најдобро да се организира времето , да споделиме искуства како да се организира работата од дома кога целото семејство е постојано присутно , но и да внесеме забава во секојдневиото и да го одржиме тимскиот дух преку активности во кои се инволвираа колегите, па ги избравме најдобрите кулинари, оние кои даддоа најдобар совет како се справуваат со кризата итн.  На најновата  анкета за вработените тие се изјаснија дека во оваа состојба на криза тие се смирени и веруваат во одлуките на менаџментот и правецот во кој се движи компанијата.  Ова е одличен показател за вреднувањето на комуникацијата од нивна страна што не прави особено горди и секако ја поместува границата на нашите заложби да продолжиме и понатаму со уште поголема динамика. 

3. Зошто интерните комуникации се важни и кои се препораките? 

Има многу причини, но најважно од се е вработените да бидат инволвирани и фокусирани на темите кои се важни за нив. Тука нема простор за импровизации. Вработените се најактивната и за нас прва публика која препознава вредна содржина и информација. Што побрзо компаниите ја прифатат оваа реалност и навистина ја вреднуваат оваа комуникација толку повеќе ќе ја почувствуваат ползата и важноста. Затоа секогаш се трудиме да ги инволвираме вработените, опстојуваме на двонасочна комуникација, а менаџментот се труди во најголема мера да ги пресретнете барањата. И на крајот, потребен е тим кој посветено и безрезервно ќе се вложи во креирање на комуникациска стратегија и алатки за што подобар прием кај публиката.  

4. Кои се омилените канали за комуникација на вработените во А1 Македонија? 

Сите канали за комуникација се исклучително важни за нас и посветуваме подеднакво внимание во креирањето содржини за комуникација низ нив, но А1 Македонија е една од ретките, а можеби и единствена во земјава која комуницира на дневно ниво со целата А1 Телеком Австрија Групација . Преку специјално дизајнираната facebook платформа вмрежени сме сите ние 20 илјади вработени од 7 земји. Информациите се споделуваат со неверојатна динамика, а вклучувањата во живо и можноста во секое време да се пристапи не само до колегите туку и до менаџментот ја прави оваа платформа уникатна, но и говори за корпоративната култура која се основа на тимска работа и доверба. 

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе