23.05.2019

Ребрендирањето на Вип во А1 ќе донесе многу изненадувања за корисниците

Компанијата Вип го заврши првиот квартал годинава со завидни резултати, впрочем како и во последните десет години во кои растот е над 30 отсто во време кога секторот бележеше пад, вели Мислав Галер, директор на компанијата Вип.

Оваа година треба да заврши ребрендирањето на Вип во А1, што според најавите, ќе донесе и нов квалитет во услугите за корисниците. Галер од Виена, од седиштето на компанијата, вели дека во следниот период ќе се фокусираат на нови инфраструктурни инвестиции и се наметнуваат како сериозен партнер со корисниците.

„Македонскиот пазар е пазар на кој има можност за нови инвестиции и ние сме фокусирани на тоа. Во земјата има тренд на зголемување на телеком операторите, иако според мене, ако зборуваме за оператор кој би инвестирал во сопствена ифраструктура, во комплетно нова мобилна мрежа, моето лично мислење е дека нема доволно простор. Тоа се многу големи инвестиции и ние како постоечки оператори секоја година инвестираме во нова инфраструктура, вели Галер.

Компанијата ја надоградува сега сопствената мрежа и прави подготовки за новата генерација односно за 5Г мрежата. Станува збор за сериозни инвестиции кои целосно се трошок на телеком компаниите.

Томас Арнолднер, извршниот директор на А1 вели дека ребрендирањето тече и процесот ќе заврши до крајот нагодината. Корисниците нема да потпишууваат нови договори, но ќе има многу позитивни изненадувања за нив.

Оригинално објавено на faktor.mk.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Дознај повеќе
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Дознај повеќе