25.07.2019

Креираме заедно: Интервју Марија Баркова, студент

E–scooter е една од многуте успешни промоции со која корисниците имаат можност да го набават ултра модерното превозно средство – електричен тротинет.

Овојпат ја претставуваме Марија Баркова која има 21 години, доаѓа од Велес и е студент на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје, а со која зборувавме за нејзиниот ангажман како член на една од целните групи од проектот Креираме заедно чиј предлог тротинетите да се најдат во понудата на компанијата стана реален.

Креираме заедно е сосема нов концепт во работењето на македонските компании, а ти го прифати предизвикот да бидеш дел од овој пионерски чекор на компанијата. Има ли основа да продолжи да функционира со полн капацитет?

Секако, несомнено сум убедена во успехот на овој концепт бидејќи корисниците најдобро знаат од што се задоволни и што им недостига, сами за себе да креираат и да побараат подобри понуди, а Вип навистина ги отвори вратите и со внимание ги слуша предлозите и овозможи да ги добијат истите.

Вие сте еден од членовите во целните групи кои креираат заедно. Како реално се одвива циклусот на работилници?

Работилниците се исклучително интересни и се уникатно искуство каде преку работа во групи на забавен начин се доаѓа до интересни идеи и решенија. Поголемиот дел од учесниците не се познаваат меѓу себе и тука добиваат можност да дознаат повеќе работи едни за други и да се запознаат меѓусебно пред да почне сериозниот дел од работата.

Дали компанијата има слух да ги имплементира препораките од страна на корисниците?

Јас лично сум пример за тоа дека компанијата има слух да ги имплементира препораките и идеите од корисниците бидејќи јас бев дел од групата која ја имаше идејата за E-scooter. Сметавме дека вака креирана понуда ќе биде прифатена кај поголем дел од младите кои би можеле да си го дозволат новиот тренд на превозно средство кое заштедува време, финансии и се разбира е еколошки оправдан.

 

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе