11.11.2020

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Скопје, 11. Ноември 2020г. Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сè со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.

А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки од сега ќе бидат доставувани по електронски пат. Сите приватни корисници на А1, кои досега немаат активирано Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи линк, преку кој корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка во електронска форма. На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса.

Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.

Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.A1.mk/plati-smetka и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време. Корисниците кои веќе имаат активирано Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.

Со приемот на сметките во електронска форма, корисниците ги задржуваат истите права и обврски како и претходно. Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Дознај повеќе
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Дознај повеќе