22.10.2020

Известување

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека во изминатиот период воочена е активност на непознат субјект на „Phishing“ комуникација преку веб страна и директен маркетинг при што непознатиот субјект промовира програма за лојалност, лажно претставувајќи се и злоупотребувајќи го комерцијалниот назив и логото А1 Македонија ДООЕЛ Скопје дотолку повеќе што во овој период А1 Македонија нема организирано каква било наградна игра.

А1 Македонија во доменот на своите можности и надлежности ги презема сите законски мерки за заштита, спречување и одговорност на непознатиот субјект за ваквите постапки.

Истовремено апелираме да не ги земате предвид известувањата од овој тип или повици за учество во наградна игра и не ги споделувајте вашите лични податоци.

Назад