Girl on video conference

 

Видео конферeнција 


Грижете се за Вашето здравје и одржувајте видео состаноци, наместо состаноци во живо. А1 во соработка со „eyeson“ Ви ја овозможува услугата Видео конференција, која е одлично решение за да ги реализирате Вашите состаноци, без да бидете физички присутни на иста локација. 

Со оваа професионална услуга за видео конференција, која е хостирана на инфраструктурата на А1, ќе реализирате квалитетни видео повици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации. Таа е достапна на Вашиот лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.

Услугата Видео конференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка. 

Две недели пред истекот на бесплатниот период ќе добиете известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.

ЗАШТЕДЕТЕ ВРЕМЕ – Поканете учесници само со споделување на линк.

БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ – Податоците што ги пренесувате или споделувате во текот на повикот се безбедни и заштитени согласно строгите европски закони за заштита на приватноста.

КОМУНИЦИРАЈТЕ БЕЗБЕДНО – Избегнувајте состаноци во живо и придонесете за јавното здравје и за заштита од COVID-19. 

За да започнете со користење на услугата кликнете на копчето "Бесплатна регистрација"

 

 

Како да се регистирате


Чекор 1

Внесете ја Вашата е-мејл адреса

Girl on video conference

 

Чекор 2

Внесете ги Вашето име и презиме и името на Вашата компанија. По потврда на овие податоци ќе добиете е-мејл порака со код.

 

Girl on video conference

 

Чекор 3

Кликнете на Вашиот код во е-мејл пораката - License Key

 

Girl on video conference

 

Чекор 4

Вашиот код автоматски ќе се внесе во полето а потоа притиснете - Activate

 

Girl on video conference

 

Чекор 5

Потоа најавете се со својот Google акаунт или регистирајте се како нов корисник со Вашата е-мејл адреса