Сите Arena Sport ТВ канали со A1 Combo!

Сите корисници на телевизиските услуги на А1, отсега имаат можност да ги гледаат ТВ каналите Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4 и Arena Sport 5 и да уживаат во најгледаните спортски настани од:

  • UEFA Лигата на шампиони и UEFA Лига Европа,
  • италијанското првенство Serie A,
  • ракометната EHF Лига на шампиони,
  • кошаркарската NBA и ABA лига,
  • шпанската La Liga, која ќе се емитува од септември 2021 и многу други спортски содржини.

За уште поголема спортска забава во домот, од 01.02.2021 до 01.05.2021 сите ТВ корисници на А1, промотивно 3 месеци ќе ги ги гледаат сите пет Arena Sport ТВ канали. По завршувањето на промотивниот период од 3 месеци, Arena Sport ТВ каналите продолжуваат да бидат достапни, во зависност од избраниот тарифен модел или дополнителен ТВ пакет на корисникот. За време и по истекот на промотивниот период, месечната претплата на тарифните модели за ТВ услуги и дополнителните ТВ пакети останува непроменета, односно иста како и досега.

Од 01.03.2021, SportKlub ТВ каналите повеќе нема да бидат дел од содржините кои ги реемитуваме преку нашите телевизиски платформи и истите ќе бидат заменети со Arena Sport каналите соодветно, во тарифните модели за ТВ услуги како и во дополнителните ТВ пакети, без промена на месечните претплати.

Подетални информации за измените во понудата на ТВ канали можете да најдете тука, додека целосен преглед на вклучените ТВ канали во секој од тарифните модели и дополнитлени ТВ пакети, можете да најдете тука.

Корисниците кои користат постар модел на ресивер потребно е да направат прескенирање на каналите, за да ги гледаат Arena Sport ТВ каналите.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.