Согласност за персонализирана препорака за содржина

Во продолжение можете целосно да ја прочитате Согласноста за персонализирана препорака за содржина:

Со цел полесно да го пронајдете филмот, серијата или емисијата што сакате да ја гледате, A1 Xplore TV Ви нуди персонализирана содржина што може да Ве интересира.

Системот за препораки за содржина на A1 Xplore TV овозможува персонализирана препорака за содржина преку автоматизиран процес на процена на веројатноста дека може да Ве интересира телевизиска, видео и слична содржина, а врз основа на Вашите навики на гледање и користење на услугите, но и врз основа на други фактори, како што се, на пример, споредби со корисниците што имаат слични интереси и навики, како и информации за достапна телевизиска и видеосодржина.

Доколку имаме Ваша согласност за персонализирана препорака за содржина, системот на A1 Xplore TV ќе ги земе во предвид Вашите:

  • навики за користење и гледање ТВ-содржина (на пример, време и должина на гледање одредена програма/содржина, користење интерактивни услуги, како што се, на пример, гледајте од почеток, снимки и слично);
  • навики за користење и гледање видеосодржини (најмени или вклучени во претплатата, на пример, време на најмување и жанр на најмениот филм и слично);
  • навики за користење услуги од трети страни што се достапни преку интерфејсот (на пример, зачестено користење Јутјуб).

Врз основа на Вашата согласност за персонализирана препорака за содржина и врз основа на собраните податоци, системот за препораки на A1 Xplore TV ќе препорачува содржина што најдобро одговара на Вашите преференции.

Системот за препораки на A1 Xplore TV не препорачува ТВ/видеосодржина што не е погодна за прикажување без авторизација со PIN (на пример, еротска содржина), така што не се користат податоци како што се Вашето име и презиме, возраст, пол и слично.

Сè за обработката на личните податоци во A1, можете да најдете во Изјавата за заштита на личните податоци за А1 Македонија ДООЕЛ, која можете да ја прочитате на https://www.a1.mk/politika-za-privatnost/.

Со прифаќање на оваа согласност, ќе ни помогнете подобро да ја разбереме содржината што Ве интересира, а на тој начин ќе придонесете за понатамошен развој на ТВ-услугите и понудите на содржини.

Согласноста за персонализирана препорака за содржина можете да ја повлечете кога било со помош на корисничкиот интерфејс, следејќи го менито Поставки/Правила за приватност/Историја на гледана содржина.

Без Вашата согласност за персонализирана препорака за содржина, системот за препораки на A1 Xplore TV ќе препорачува содржина што во тој случај нема да биде персонализирана, односно нема да одговара на твоите преференции.

Согласноста за персонализирана препорака за содржина исклучиво се однесува на системот за препораки за содржина на A1 Xplore TV и е целосно независна од Согласноста за подобро профилирање.