A1 Телеком Австрија

A1 Телеком Австрија Групацијата која котира на Виенската берза, e водечки провајдер на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници, во моментов присутна во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска и Словенија (А1), Белорусија (velcom), Србија (Vip mobile) и Македонија (one.Vip).

Нудејќи комуникациски услуги, решенија за наплата преку телефон , услуги со забавна содржина како и интегрирани бизнис решенија, А1 Телеком Австрија Групацијата достигна приходи од 4.47 милијарди евра на крајот на 2017 година. Близу 19.000 вработени и совршената инфраструктура за широкопојасен интернет овозможуваат дигитален деловен живот и стил и поврзување на луѓето, компаниите и нештата насекаде во секое време. Како европска подружница на América Móvil, еден од најголемите провајдери на безжични услуги во светот, А1 Телеком Австрија Групацијата е сместена во Виена овозможувајќи пристап до глобалните комуникациски решенија.

Нашите пазари во Централна и Источна Европа